Хороскопски знаци кои ќе ве остават дур да трепнете

1051

Кога се врските во прашање, некои луѓе успеваат да раскинат и да преболат во само неколку часа, додека кај други страдањето може да трае и со месеци или години.

Овие четири хороскопски знаци се најмалку драматични кога е во прашање раскинувањето, било на врска, било на пријателство, па дури и во надминување на кризни семејни односи.

Сакаат слобода и независност и не жалат што нешто завршило.

Еве за кого се работи:

Водолија

Водолиите сосема очекувано се на прво место на листата на слободни знаци. Нив не можете посесивно да ги држите кај себе, ниту пак да очекувате дека тие би се откажале од сопствената слобода. Ако ги притискате со љубомора, веднаш ќе избегаат од вас со чувство на олеснување.

Овен

Овните сакаат да бидат на водечка позиција, како во љубовта, така и општо во меѓучовечките односи. Сакаат нивниот збор да е последен. Страсни се, но кога оставаат, тоа го прават храбро и децидно, без воопшто да се вртат кон минатото. Исто така, имаат низок праг на толеранција и мала желба за компромиси.

Близнаци

Близнаците умеат да ве облеат со внимание и нежност, но проблемот со нив е тоа што нивните емоции се непостојани и тие се навикнати на тоа. Близнаците, всушност, бегаат во моментот кога сфаќаат дека се вљубуваат, бидејќи тоа не е типично за нив.

Стрелец

Стрелецот кога ќе ве остави сепак ќе има одредена грижа на совест, но желбата за слобода и неограниченост ќе надвладее. Понекогаш дури и се враќаат кај поранешниот партнер, но ако почувствуваат притисок, раскинуваат без простор за назад.