‘Рчењето укажува на сериозни проблеми

466

Во повеќето случаи, ‘рчењето е многу честа појава која може да биде непријатна главно за нашите партнери бидејќи ги спречува да спијат во мир и тишина.

Исто така, како резултат на стареењето кај луѓето доаѓа до дополнително опуштање на мускулите на грлото и јазикот, што ја зголемува склоноста за ‘рчење.

Но, понекогаш може да укаже на одредени здравствени проблеми кои треба да ги третираме за да не прераснат во хронични состојби или нешто полошо.

Како што предупредуваат лекарите, лицето кое ‘рчи може да има некои од следниве здравствени проблеми, кои вклучуваат: опструктивна ноќна апнеја, срцеви заболувања, хипотироидизам или бавна функција на тироидната жлезда, девијација на септумот, полипи во носот, проблеми со синусите.

Многу луѓе се прашуваат дали треба да одат на лекар ако имаат проблеми со ‘рчењето. Иако најчесто тоа не е ништо опасно, добро е да се направи преглед за да се отфрлат сите други можни причини, особено ако ‘рчењето настанало ненадејно или ако ни го попречува секојдневното функционирање.