На половина од бременоста ѝ било дијагностициран рак на дојка ! Во себе носела нов живот… и злобна болест

1134

На Sarah Whitney (31) ѝ бил дијагностициран рак на дојка во 3 стадиум.

Дваесет недели бремена со своето трето дете во тоа време, мајката од Флорида имала операција за отстранување на едната града и набргу потоа започнала со хемотерапија. Во текот на целата бременост, Whitney вели дека нејзина главна грижа била да има здраво бебе.

Затоа, имало огромна радост кога синот Kal-El се родил здрав во април. Фотографката Kejt Marej била таму за да направи фотографии од раѓањето и од Витни како го дои своето новороденче со преостанатата града.

Откако акушерската ординација на Whitney, Gentle Birth Options, ги објавила сликите на Murray на својата Facebook страница, фотографиите станале вирални. Whitney вели дека во тоа време била фокусирана на поминување време со својот син и се обидувала да се држи подалеку од центарот на вниманието. Но, откако еден локален news site објавил дополнителна сторија за фотографиите претходно оваа недела, моќните слики повторно го направија својот круг на интернет. Овој пат, Whitney вели дека е подготвена да ја раскаже приказната што оди со трогателните слики.

„(Фотографиите) станаа вирални, но јас бев само анонимна жена“, рече таа. „Фактот што станаа вирални е целосно шокантен и неочекуван за мене. Мислам дека на различни луѓе им значат различни работи – можеби е тоа фрагментација, можеби е чувството дека секоја жена што има деца знае дека може да научи сè за нив, можеби е да се види мајка како дои и покрај сите нејзини предизвици.“

За Whitney, фотографиите се начин да се забележат спомените од еден временски период што завршил пред таа да биде подготвена – мајката на три деца можела да го дои Kal-El само две недели пред да започне новиот, посилен циклус на третманот што би го направил нејзиното млеко штетно за бебето.

„Ги доев моите први две деца и ми се допадна тоа… инстинктивно, вроденото ми беше важно и обожавав да ги дојам“, рече Whitney. „Се радував повторно да го направам тоа со моето трето дете и да ја воспоставам таа врска, па кога ми кажаа не само што нема да го имам породувањето што го сакам – без лекови, природно, породување во вода – туку и дека нема да можам да дојам… срцето ми се скрши.“

  • „Тоа и ден денес е најтешката работа со која треба да се справите. Секој ден, тоа е постојан потсетник кога го хранам мојот син со шише – дека не можам да го дојам“, додаде таа.

Кога Whitney престанала да го дои Kal-El, таа започнала со хемотерапија и зрачење. Денес, таа ги завршила двата третмани и сега го лекува ракот со инфузии од лекот Herceptin. Младата мајка, исто така, ќе зема антихормонски лек десет години и размислува да ја отстрани преостанатата града за да спречи повторна појава на болеста.

Лекарите на Whitney ѝ советувале да не раѓа повеќе деца, бидејќи бременоста би ги зголемила шансите за враќање на ракот. Таа вели дека оваа вест била подеднакво катастрофална, бидејќи со нејзиниот сопруг, Michael, отсекогаш сакале четири деца.

„Морам да го прифатам тоа. Сакам да бидам тука за трите деца што ги имам, наместо да ризикувам за дете што го немам“, рече Whitney.

Kal-El сега има 6 месеци, а Whitney вели дека е фокусирана на тоа да ги поминува деновите правејќи ги работите што не можела да ги прави за време на третманите. Ручекот со нејзината ќерка, Corah (7) или запишувањето на нејзиниот син Phoenix (6) на спорт, се активности што некогаш била премногу исцрпена за да ги прави, но сега ги цени.

Таа продолжи да му дава мајчино млеко на Kal-El, благодарение на донираното млеко од други мајки што дојат во нејзината заедница.

„Има 27 жени кои донирале млеко за да го нахранат мојот син. И тој е неверојатен – постојано велам дека Бог сигурно знае дека го сакам на мајчино млеко, бидејќи не е пребирлив. Зема млеко од секого“, рече Whitney.

Whitney вели дека членовите на нејзината онлајн заедница за поддршка, „Super Sarah Supporters“, се вклучиле на неколку други начини, нудејќи молитви, споделувајќи ги своите искуства, па дури и креирајќи GoFundMe за да ѝ помогнат со медицинските трошоци и трошоците за испорака на мајчиното млеко.

Иако виралните фотографии од неа и нејзиниот син допреле многумина, Whitney вели дека тие ѝ оставиле скапоцени спомени што секогаш ќе ги чува.

„Со самото знаење дека излегол и дека сите овие лекари околу него, специјалисти и медицински сестри, се во случај нешто да не е во ред, ми беше толку важно да можам да го поминам тоа време со него. Бев преплавена од емоции“, рече Whitney.