Што ја прави замрзнатата храна толку штетна?

1296

Знаеме дека замрзнатата храна е најпосакувана од вработените кои се до доцна на работа и зафатените домаќини. Знаеме уште дека оваа храна често нè спасува при подготовката на брза вечера, лесна е за подготовка, особено ако немаме време да подготвуваме свежа храна.

Знаеме уште дека замрзнатата храна и производи се штетни, но јансо ли ни е зошто е тоа така?

Толку е лесно да приготвиме нешто зготвено од замрзнат зеленчук, компири, тесто! Сè е готово брзо, семејството е задоволно дека има топла храна на масата, а ние сме среќни што успеавме да ги завршиме задачите во текот на денот и истовремено со тоа да зготвиме нешто за нашите омилени суштества!

Колку и вкусна и лесна за приготвување да изгледа замрзнатата храна, треба да ги имаме предвид ризиците за здравјето, кои таа ги носи. Дали некогаш сте размислувале зошто всушност замрзнатата храна е толку штетна?

И покрај многуте рекламни кампањи на различна полуготова или замрзната храна, домаќините треба да имаат на ум што купуваат. Не потпирајте се целосно на примамливите реклами и читајте ги ситните фонтови.

Обично во замрзнатите производи содржината на натриум е многу голема, бидејќи тој игра улога на стабилизатор и ги прави производите поиздржливи и свежи по одмрзнувањето.

Всушност, натриумот се користи нашироко во кулинарската и прехранбената индустрија. Тој не е забранет и од оваа причина присуствува и во многу замрзнати производи. Лошото е што често пати количините му се поголеми од дозволеното.

Тоа го подложува на ризик здравјето, бидејќи големите количини на натриум се поврзуваат со зголемен ризик од кардиоваскуларни болести, како и болести на метаболизмот.

Друга штетна или потенцијално опасна состојка која се користи во замрзнатата храна е хидрогенизираното палминото масло, кое носи бројни трансмасти на организмот. Тие предизвикуваат зголемување на масното ткиво, зголемување на секрецијата на инсулин, зголемување на нивоата на холестерол и сите компликации кои потекнуваат од овие штети.

Најопасен е фактот дека трансмастите имаат и канцероген ефект врз клетките.

Количеството натриум е важно. Дневната доза за возрасни е подобро да не надминува 2300 мг. Во некои производи може да се сретне содржина на натриум од редот на 700 до 1800 мг. Замислете ако во останатото време каснеме храна, овкусена со сол – колку пати ќе ја прекорачите количината на денот?

Честата потрошувачка на замрзната храна може да изложи на ризик луѓе со висок крвен притисок и такви кои страдаат од метаболички болести и болести поврзани со хормоналната рамнотежа.

Ако сепак ви се наметнува да употребувате замрзната храна, читајте ги внимателно етикетите. Гледајте да купувате поретко такви производи, како и содржината на натриум во нив да не надминува 800 мг.

Избегнувајте храна која содржи крем сосови и подобрувачи на некаков вкус или мирис. Овие храни се богати со калории и заситени масти. За балансирана исхрана и здрав начин на живот, одбирајте повеќе свежо овошје и зеленчук.