ОСТАТОЦИ ОД ВЕЛИГДЕН / Колку долго може да се чуваат варените јајца и како да препознаете дека се расипани ? Ако изгледаат вака, фрлете ги!

154

За помалку да се фрла храната по Велигден и останатите празници, добро е да искористите дел од неа во наредните денови.

Иако тврдо варените јајца се здрави, за повеќето луѓе оваа храна станува излишна по празниците.

Варените јајца имаат пократок рок на траење од свежите јајца

Заштитниот слој што ја сочинува лушпата се отстранува од јајцата при варењето, па јајцата стануваат почувствителни на воздух и штетни микроорганизми.

Ова е причината зошто ладењето на варените јајца е од големо значење кога станува збор за спречување на нивно расипување.

Чување во фрижидер

Чувањето на јајцата во фрижидер го забавува растот на бактериите бидејќи потенцијално опасните бактерии растат побавно на температури под 4°C. Најдобро би било доколку избегнувате да ги чувате варените јајца на собна температура подолго време. По варењето ставете ги во фрижидер 2 часа.

Исто така, пожелно е да се чуваат во картонска кутија или во херметички затворен сад. Треба да ги чувате на внатрешната полица, а не на вратата, бидејќи честото отворање и затворање на фрижидерот може да предизвика флуктуација на температурата.

На почетокот може да се појави необичен мирис во фрижидерот каде што се чуваат тврдо варени јајца. Ова се случува како резултат на водород сулфидот произведен за време на варењето, но нема причина за грижа бидејќи е нормално и безопасно, а мирисот обично испарува од нив за неколку часа.

Не се препорачува замрзнување на тврдо варени јајца бидејќи белката и жолчката може да станат жилави и водени, што ги прави непријатни за јадење.

Тврдо варени излупени јајца

Најдобро е да го одложите лупењето на тврдо варените јајца додека не сакате да ги јадете. Се препорачува да се чуваат излупените јајца во херметички сад со влажна хартиена крпа за да не се исушат.

Исто така, не треба да се оставаат на собна температура и треба да се стават во фрижидер што е можно поскоро.

Колку долго можат да траат тврдо варените јајца?

Тврдо варените јајца, без разлика дали се излупени или без лушпа, може да се чуваат во фрижидер околу една недела доколку се чуваат правилно, препорачува USDA. Ако не сте сигурни колку долго вашите тврдо варени јајца се чуваат во фрижидер, проверете дали на лушпата се формирала лигава или варлива материја, ако е така, фрлете го јајцето.

Не треба да јадете расипани јајца бидејќи тоа може да ве изложи на ризик од болести предизвикани од храна со симптоми како што се дијареа, гадење и повраќање. Расипано тврдо варено јајце може да има непријатен мирис, а ако јајцето се уште ја има својата лушпа, постои можност да го скршите за да го помирисате.

Боја на јајца

Ако забележите дека жолчката од тврдо варено јајце добила зеленикаво-сива боја, тоа не значи дека јајцето се расипало. Бојата на жолчката може да варира во зависност од времето на готвење и температурата. Со јајцата кои се варат подолго време, жолчката станува побледа и на крајот добива зеленикаво-сива боја, пишува Healthline.