Дали знаете која година во брак е најтешка? Еве како да ја надминете кризата

1948

Чувајте ги вашите партнери

Психолозите откриле која година во брак е најтешка: Еве како да ја надминете кризата и сѐ да биде подобро!

Според неодамнешните истражувања, дури и најсилните односи се распаѓаат во овие години!

Статистичките податоци од 5.000 испитаници во Европа заклучија дека на мажените жени  единаесетата година од брак е најтешка. Во тоа време на жената паѓа многу тешко оптоварување. Впрочем, тие во исто време треба да ги воспитуваат своите деца и да го следат нивниот напредок во училиште, да ја одржуваат куќата и покрај тоа, да одат на работа.

Квалитетот на односот страда главно заради недостатокот на време. Најчесто мажите во тој период не ја гледаат својата сопруга како атрактивна и посакувана партнерка.

Просечната должина на брак во европските земји е околу 11 години. Но, ако се надмине оваа криза, по 15 години брак, задоволството во односот постепено ќе расте во текот на следните 20 години, велат научниците.

Специјалистите за семејни односи се убедени дека во тој тежок период, важно е паровите да научат да “лекуваат” сè, вклучувајќи се и себеси, со хумор: “Бидете заедно со радост, мирно реагирајте на кризите со партнерот, намалете ги вашите очекувања, дури и ако вашата врска не е совршена, неопходно е да се фокусирате на позитивните страни на вашата сакана личност”.