Кое е најромантичното место на светот?

1896

Париз е познат како град на светлоста, но и љубовта.

Над Сена се наоѓа мостот Ponts des Arts кои се смета за најромантичното место во Париз, бидејќи паровите оставаат катанци на оградата во знак на љубов.

Со текот на годините, оградата на мостот се преплави со катанци кои ги оставаат заљубените од цел свет, а на нив ги оставаат своите имиња или пораки кои само за нив имаат посебно значење.

Овој пешачки мост е изграден во 1804 година и има девет лукови. Обичај е падовите по заклучувањето на катанците, клучевите да ги фрлат во реката Сена.

Освен што најчесто го посетуваат заљубени, на мостот многу често време поминуваат и уметници поради преубавиот поглед на градот.

Ако случајно планирате да го посетите Париз, не ја пропуштајте пригодата да го посетите најромантичното место во овој град.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.