И мажите се нежни и чувствителни

187

Иако звучи чудно, сепак и мажите се нежни и чувствителни иако се кријат зад „камена фасада“. Жените мислат дека сексот им е најважен на мажите, но секогаш не е така.

Американскиот теравпет Стив Хорсмон, по повеќегодишно искуство со мажи кои сакаат да ги решат проблемите во врските или да ги подобрат браковите, тврди дека дошол до интересен заклучок што ќе ги изненади жените.

– Жените би се изненадиле кога би можеле да ги слушнат моите разговори со мажите. Нашите расправи се контродикторни за женското сфаќање на мажите. Тие дефинитивно не сакаат само секс. Постои нешто што им е помило од сексот. Верувале или не, станува збор за нежен допир во комбинација со вербално или невербално одобрување. Кога жената нежно со прстите го милува партнерот и во исто време ја изразува својата доверба и поддршка во него, тоа е потег помоќен од сексот бидејќи во тој момент мажот се чувствува силни и прифатено, истакнува Хорсмон.

Тој посочува дека мажите никогаш нема да го признаат тоа, бидејќи знаат дека жените никогаш нема да поверуваат во тоа.