Неочекувано | Откриен е нов дел од човечкото тело

2163

Кога сте се разбудиле ова утро, тоа сте го сториле со сосема нов дел на телото, барем во очите на науката.

Не може да се види ниту да се допре, но има клучна улога во разбирањето на невролошките заболувања и имунитетот.

Научниците од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Вирџинија неодамна го откриле долго скриениот систем на лимфните садови, или „централниот нервен систем на лимфните садови“, кои вршат дренажа на лимфата од мозокот до околните лимфни јазли.

Ова откритие ја потресе научната заедница. Тимот предводен од Antoine Louveau открил жили откако Louveau развил метода за набљудување на мозочната обвивка на глушец без да го оштети деликатното ткиво.

Ова откритие е неуроимунолошка варијанта на откритието на еднорогот. Овој лимфен систем останал неоткриен сѐ до сега, а и сите главни учебници тврделе дека такво нешто едноставно не постои.

Полудел заради жилите

Кога сите други ткива во телото ќе се воспалат, молекулите и патогените завршуваат во локалните лимфни јазли, каде имунолошките клетки се активираат и продолжуваат да се борат.

“Се мислеше дека во мозокот таков систем не постои. Кога прв пат ги видовме тие жили, сосема полудев”, вели Џонатан Кипнис, директор на Центарот за имунологија на мозокот и на глијалните мозочни клетки.

Длабоко скриената локација на овие лимфни садови е причината зошто толку долго не можеле да се пронајдат. Тие се наоѓаат во дуралните венски синуси, кои извлекуваат крв од внатрешните и надворешните вени. Во близина се и главните крвни садови, кои биле сокриени од видокругот.

Кипнис предупредува дека, со оглед на тоа дека човечкиот мозок е многу посложен од мозокот на глушецот, новооткриените садови ќе треба подетално да се проучуваат за да бидат целосно разбрани.

Ова откритие ќе помогне во разбирањето и понатамошното испитување на голем број пореметувања, вклучувајќи ја и мултиплекс склерозата, Алцхајмеровата болест и аутизмот.

“Најважните работи допрва треба да се откријат.”

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk