Ова се случува секој ден, но сега конечно имаме снимка ! Отвоен прозорец во претходно скриена фаза од бременоста ! Видео

199

Отворивме прозорец во претходно скриена фаза од развојот, рече главниот автор и биоинженер Samuel Ojosnegros од IBC.

Иако науката досега огромно напредувала, еден дел од човечкиот живот остана скриен. Научниците знаат како се случува оплодувањето и што се случува со оплодената клетка потоа. Но, сега, за прв пат, тие имаат специфични видео снимки од самиот момент на имплантација на човечки ембрион.

Нов систем развиен од научници во Институтот за наука и технологија во Барселона (IBC) им овозможи на научниците детално да го проучат она што може да се опише како изненадувачки инвазивен процес.

Снимките што ги објавија покажуваат човечки ембрион во лабораторијата како агресивно продира во матрицата базирана на колаген за да создаде празнина за прицврстување и понатамошен раст.

За прв пат, можевме динамички да набљудуваме како се одвива имплантацијата на човечки ембрион. Отворивме прозорец во фаза на развој што претходно беше скриена, изјави за Science Alert главниот автор и биоинженер Samuel Ojosnegros од IBC.

Иако експериментот се одвивал во лабораторија, а не во вистинска матка, околината што ја создале Ojosnegros и неговите колеги многу ја имитира вистинската средина во која ембрионите нормално се наоѓаат во матката.

Вградувањето на ембрионот во матката е клучен чекор што лесно може да тргне наопаку. Научниците истакнуваат дека околу 60 проценти од неуспешните бремености се случуваат токму поради неуспешна имплантација или кратко по неа.

Научниците биле изненадени кога виделе колку длабоко човечките ембриони продираат во матрицата. Тие биле целосно обвиткани со колаген од матрицата.

Откривме дека тој врши значителна механичка сила за имплантација и инвазија, додаде Ojosnegros.

Тие ги опишаа своите наоди во труд објавен во списанието Science Advances и се надеваат дека ќе го олеснат проучувањето на самиот почеток на бременоста, особено во контекст на борбата против неплодноста.

Досега, научниците биле во можност да ги набљудуваат само првите пет дена од развојот на ембрионот во лабораторија, под микроскоп. Во оваа фаза, ембрионот е само група од околу сто клетки и е премногу мал за да се види со ултразвук.

Овој нов модел го проширува прозорецот за набљудување на таа почетна, прва фаза. Така, тие би можеле да набљудуваат како човечкиот ембрион, откако ќе се постави на колагенската матрица, продира во неговата површина и ги „влече“ колагенските влакна кон својот центар, што доведува до промени во околината околу него.

Тие шпекулираат дека ова би можело да значи дека ембрионот некако го поврзува ткивото на мајката со своето.

Што прави ѕидот на матката како одговор на оваа инвазија, научниците сè уште не биле во можност да откријат. Матрицата базирана на колаген не е направена со употреба на човечки клетки на матката, па затоа дава само делумни одговори.

Но, тоа не мора да биде лошо. Научниците истакнуваат дека ова им овозможува да го променат составот на матрицата за да откријат како човечките ембриони реагираат на различни средини. Ова на крајот би можело да доведе до подобри техники или разбирање на условите потребни за подобра и поуспешна имплантација.

Извор: Science Alert