Високата содржина на антиоксиданси коишто ги содржи боровинката го штитат нашиот организам од рак и кардиоваскуларни болести, но новите истражувања на научниците покажаа дека боровинка помага во борбата против подмолната алцхајмерова болест.
Нивното истражување во целост се совпаѓа со податоци од други студии, и тие додале нови докази за позитивното влијание на боровинка врз меморијата и интелектот на старите лица. Во ова овошје е утврдено поголемо количество на антоцијани.
Овие вредни биолошки активни супстанции ги има и во други видови овошје и зеленчук, вклучувајќи и модар патлиџан, црвена зелка и други.
Според податоците на Здружението на алцхајмеровата болест, во 2015 година 5,3 милиони жители на САД страдале од оваа болест, а 5,1 милиони од нив се лица на возраст од 65 години и постари.
Според темпото на стареење на населението, научниците очекуваат значително зголемување на бројот на овие пациенти, а не само во САД, туку насекаде низ светот.
Научниците веруваат дека боровинка се корисен производ за сите постари луѓе, особено за оние со благо когнитивно нарушување.



















