Кофеинот ја засилува природната активност на допаминот во мозокот, т.е. го зголемува бројот на рецепторите за кои допаминот може да се врзе, а прави да се чувствуваме весело и будно, но не произведува компулсивни обрасци.
Кофеинот дава енергија и некои луѓе токму поради кофеинот велат дека не се чувствуваат живи додека не се напијат кафе. Новото истражување ни објаснува што прави кофеинот во нашиот мозок, за да ја поттикне енергијата.
Иако е многу рано наутро, муштериите веќе се собираат во еспресо барот Арома, да го почнат својот ден со филџан кафе. Многумина од нас станаа зависни од кофеин, било да се работи за филџан кафе, лименка сода или енергетски пијалак.
– Почнав да пијам кафе еднаш дневно или наутро, за да ми даде малку повеќе енергија – вели Елизабет Стјуарт.
На кој начин таа дневна доза пружа енергија? Нора Волков вели дека се е во вашата глава. Научникот кој се занимава со неврологија, ја изградила својата цела кариера на проучување на начинот на кој мозокот е погоден од опојни дроги, вклучувајќи го од неодамна и кофеинот.
– Се чини дека се чувствуваме подобро, посебно ако не сме спиеле или сме работеле до доцна во ноќта. Ни помага во концентрацијата. Навистина не сфаќаме во целост зошто е тоа така.
За да дојде до причините за нашата опсесија за кофеинот, Волков на волонтери дала да испијат апчиња кофеин, како замена за две до три филџани силно црно кафе. Потоа таа и нејзините колеги ги следеле активностите на мозокот со помош на ПЕТ скенер.
Како и другите лекови, кофеинот ја засилува природната активност на хемикалиите во мозокот под името допамин. Хероинот и кокаинот испуштаат огромни колични на допамин што може да води кон зависност. Кофеинот функционира малку поинаку. Тој го зголемува бројот на рецепторите за кои допаминот може да се врзе, што прави да се чувствуваме весело и будно. Неговото задржува во мозокот не е ни приближно толку силно.
– Вистина е дека кофеинот не ги произведува тие компулсивни обрасци кои можат да се видат со други лекови, на сметка на катастрофални последици и во таа смисла, кофеинот не предизвикува зависност на ист начин.
Тоа значи дека можете да престанете да пиете кафе кога ќе посакате, со минимални споредни ефекти. Но, во ред е и ако продолжите да пиете кафе, ако ви е потребен тој брз поттик за да го започнете новиот ден.



















