Малајските панголини шверцувани во Кина причинители за коронавирусот?! Фото/Видео

741

Откриено е дека животните панголини кои често се шверцуваат носат вирус многу сроден на оној кој токму сега е многу раширен шриум цела планета.

Научниците сметаат дека продажбата на овие животни на пазарите треба да биде строго забранета за да се намали ризикот од идни епидемии. Панголините се цицачи со кои често нелегално се тргува, а се користат и за исхрана и за традиционална медицина, пишува Би-Би-Си.

Во истражување објавено во списанието „Nature“ научниците пишуваат дека со постапувањето со овие животни е потребно посебно внимание, како и дека е потребно и понатаму да се проучуваат во дивината за да се сфати нивната улога во ризиците од можен иден пренос на вирусот кај луѓето.

Начуник повикува на забрана за продажба на овие животни на пазарите

Водечкиот истражувач во оваа студија, др. Томи Лам од Универзитетот во Хонгконг, вели дека две групи на коронавируси, сродни на вирусот кој стои зад пандемијата кај луѓето, се пронајдени кај Малајските панголини шверцувани во Кина.

Pangolin

– Иако нивната улога како посредници во епидемијата на SARS-CoV-2 (Ковид-19) уште треба да биде потврдена, продажбата на овие диви животни на пазарите мора строго да се забрани за да се избегнат идни зоонозни преноси – рече Лам за Би-Би-Си.

Како точно вирусот од едно диво животно, веројатно лилјак, преминал од едно на друго и потоа на луѓето, останува мистерија. Лилјаците и панголините се вкучени во преносот, но точниот ред на настани не е познат. Откривањето на вирусот кај шверцуваните Малајски панголини, продолжува Би-Би-Си, го отвора прашањето каде се заразиле, смета др. Лам. Дали вирусот го добиле од лилјаците за време на шверцерскиот пат до Кина или во нивните природни живеалишта во југоисточна Азија?

Заговорниците за заштита на животните велат дека би било погубно доколку ова откритите доведе до нов прогон на и така загрозениот цицач. Надворешноста на ова животно е на цена поради неговото користење во традиционалната кинеска медицина, додека месото на панголините се смета за деликатес.

– Време е меѓународната заедница да ги притисне владите да ја прекинат нелегалната трговија со диви животни – вели елиса Панјанг од Универзитетот во Кардиф, која работи на заштита на панголините во Малезија.

Малезиски царински службеник со панголини запленети на аеродромот во Куала Лумпур во 2017 година

Кина веќе забрани консумација на месо на диви животни за време на епидемијата. За сличен чекор сега размислува и Виетнам, пишува Би-Би-Си.

Професорот Ендрју Канингхем од Лондонското зоолошко друштво (ЗСЛ) вели дека е важно да не се извлекуваат прерани заклучоци од студијата: „Изворот на откриениот коронавирус навистина не е познат, можеби тоа вирус кој панголините природно го носат, а можеби по нивното заробување на нив се пренел од други врсти“.

И др. Ден Чендлер од Оксфорд вели дека панголините се познати како носители на различни соеви на коронавируси: „Идентификувањето на изворот на вирусот SARS-CoV-2 е важно за разбирање на појавата на моменталната пандемија и поради превенција на слични настани во иднината“.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.