Најпознатиот љубовник во историјата страдал од сифилис и спиел со својата ќерка

1184

Објавено May 27, 2016. Прочитано 64844

Тој стана познат по своите љубовни умеења, но малкумина ја знаат другата страна на Казанова.

Малку по полноќ, вооружен со ловечки нож, син на познати театарски актери се доближил до локалните гробишта и ископа свеж гроб.

На закопаното телото му ја отсече раката за да се одмазди на грчкиот продавач на зачини, Деметриј, кој тој ден го наведе да го премине стариот мост, при што паднал во“смрдлива кал.”

Џакомо Казанова потоа со раката се скрил под креветот на непријателот, кој сакал да го преплаши и да поверува дека во посета му дошол дух. За жал, и тоа како успеал во својата намера, бидејќи Деметрио од силен шок доживеал мозочен удар, и остатокот од животот го поминал закован во кревет.

Казанова подоцна се одбранил со овие зборови: “Ми беше искрено жал, бидејќи јас не сакав толку многу да го повредам”, но, исто така, рекол дека и тој самиот можел да помине лошо кога паднал преку мостот претходниот ден. Само имал повеќе среќа.

Ова е само еден од настаните кои големиот авантурист ги опишал во своите мемоари, додавајќи дека потоа почнала да го следи лоша среќа.

Наскоро бил принуден да ја напушти родната Венеција и дипломатската работа, по што една млада девојка го обвинила за силување.

Според неговите мемоари, “ја научил една лекција” користејќи се со метла, бидејќи таа одбила да спие со него и покрај тоа што претходно ѝ платил. Иако тој подоцна е ослободен поради недостаток на докази, дотогаш веќе го напуштил градот.

132 жени и една чесна …

Продолжува на страна 2