Објавено September 25, 2017. Прочитано 52768
Не е сеедно ниту каков вид камен имате на прстенот – тоа би требало да зависи од тоа на кој прст го носите. Исто така, постои листа на кристали и полудрагоцени камења кои ќе го зголемат ефектот на симболизмот.
Прстот на кој обично носите прстен открива за вас повеќе отколку што мислите. Зборува малку за вашиот карактер, но и за вашите аспирации. Да речеме, прстенот не е резервиран само за луѓе кои се во брак или оние ветените, туку во некои култури претставува чистота и чување на девственоста за брак. Во колку прстените ги носите на повеќе прсти, тогаш тоа може да укажува на комбинација на карактеристики и симболи во вас – од секој имате по нешто.
Исто така, не е сеедно каков вид на камен имате на прстенот – тоа зависи од тоа на кој прст го носите. Постои и листа на полу-скапоцени камења и кристали кои ќе го зголемат ефектот на носењето прстен на одреден прст.
На кој прст вие носите прстен? Еве што значи тоа:
Палец
Ако носите прстен на палецот, тоа покажува дека сте многу силна личност. Исто така, открива дека имате некои карактеристики од машкиот карактер, како што се доминација, упорност и тврдоглавост. Палецот претставува самоопределување и волја.
Со прстенот за палец одлично оди полу-скапоцен камен карнеол, гранат или рубин.
Показалец
Таа открива дека се обидувате да стекнете поголема моќ и покажувате склоност кон мегаломанија и малку хистерија. Носење прстен на овој прст симболизира самодоверба, лидерство, амбиција и духовност. Во некои култури, носењето прстен на десниот показалец симболизира брак.
Ако носите прстен токму на показалецот, бирајте да е со лапис лазули кристал или син топаз.
Среден прст
Овој прст се смета најдобар за носење прстен, а ако го имате на тој прст, тоа покажува дека сте лојални и дека донесувате добри одлуки. Прстенот на средниот прст го симболизира балансот, правдата, правото, одговорноста и претражување на душата.
Добро е да го комбинирате со розов кварц, корал или аквамарин.
Продолжува на страна 2