Согледајте се себеси и светот поинаку отколку што ве учеле!

1498

Мисли на Буда, кои ќе ве натераат да се замислите 

Објавено July 12, 2016. Прочитано 16587

Сидарта Гаутама е несомнено еден од најголемите мислители, филозофи и учители во историјата на човештвото, и никогаш не престанува да инспирира милијарда луѓе дури и денес.

Она што го раскажувал е актуелно и денес како што било и пред 2.500 години, кога тој одел по Земјата. Ако не верувате, само прочитајте некои од неговите искажувања.

Буда буквално значи “разбуден”, “оној кој е буден” и првенствено се однесува на Сидарта Гаутама, индискиот мудрец кој живеел околу 500 година п.н.е., кој доживеал просветлување и и ги подучувал луѓето како да го постигнат истото.

Меѓутоа, Буда може да стане секој кој е целосно ослободен од сите гревови и ментални пречки, кој ќе се разбуди од сонот на незнаење и на тој начин ќе ја спознава вистинската природа на светот, универзумот, самиот себе, на живите суштества околу себе и на просторот.

Постојат многу изреки на Буда кој останале забележени за идните генерации и кои и денес се читаат со големо внимание во целиот свет, а не само меѓу оние кои ја прифатиле оваа религиозна филозофија, пред сѐ на Далечниот Исток.

Еве некои од нив

1. Она што сме е резултат на она што сме го мислеле. Умот е сè. Она што за што мислиме тоа и ќе станеме.

2. Злосторствата се случуваат како резултат на умот. Ако го промениме нашиот ум, дали можат да преживеат злосторствата?

3. Илјадници свеќи можат да се запалат со една свеќа, а животот на таа свеќа да не се скрати. Среќата никогаш не се намалува со нејзината поделба.

4. Не живејте во минатото, не сонувајте за иднината, концентрирајте го умот само на сегашниот момент.

5. Не е важно колку свети зборови ќе прочитате, без разлика колку и да изговорите од нив, какво добро од нив, ако не постапувате по нив?

6. Дури и од смртта не се плаши оној кој живеел мудро.

7. Мирот доаѓа од внатре. Не барајте го однадвор.

8. На небото не постои никаква разлика помеѓу Истокот и Западот. Луѓето прават разлика во сопствениот ум, а потоа веруваат дека е вистина.

9. Ако јасно би можеле да го видиме чудото на еден цвет, целиот наш живот би се променил.

10. Единствениот вистински неуспех во животот е да не се биде верен на она за што го знаеш дека е исправно.

Продолжува на страна 2