Кој спие, кој се буди? Теми околу кои се расправаат сите тазе родители

1483

Не грижете се ако сте ја доживеале првата голема брачна караница по пристигнувањето на бебето, бидејќи таа не е знак дека вашата врска е разнишана. Напротив …

Дури и ако мислите дека бебето е причина која ќе ве натера подобро да се поврзете со партнерот, тоа дефинитивно стои, но по првичните денови на заљубеност, кога полека се навикнувате на живот во тројка, на површината, речиси редовно избиваат некои нови теми за кои не би требало да се грижите пред доаѓањето на бебето.

Тоа се вика живот кој постојано се менува и затоа, не грижете се ако по доаѓањето на бебето сте ја проживеале првата голема брачна несогласица, бидејќи тоа не е знак дека вашата врска е разнишана. Напротив, тоа е знак на класично несогласување околу важни работи кои ќе треба малку подобро да се прилагодат на двајцата за почетната нервоза да не го продлабочи јазот и дури тогаш да создаде проблем.

Кој спие, кој се буди?

Караниците околу ноќното бдеење со бебето речиси редовно се претвораат во расправии во кои на крајот не е толку прашањето за тоа кој, кога и колку ќе спие, туку започнуваат расправии околу тоа кој повеќе заслужува сон, или кој има повеќе право да се жали.

Затоа, наместо такви расправи подобро концентрирајте се на решавање на проблемот и однапред преговарајте за најдобар распоред кој ќе оди на рака на двјцата.

Зошто секогаш јас морам да чистам?

За волја на вистината, соживотот со бебето често го спречува пропишаното туширање, па чистотата на куќата “која секогаш мора да свети, бидејќи имате бебе”, навистина знае да предизвика нервоза и притисок. Бидејќи речиси секогаш, едната страна, обично мајката, ја има должноста да исчисти и уреди, за да семејството може да живее во убаво опкружување.

Но, како што животот често носи изненадувања, толку многу пати може да се случи мајката едноставно да не стаса, а таткото не се фаќа за работа и тогаш доаѓа до несогласувања, обвинувања и незадоволство.

За да не стане проблемот уште поголем, многу е важно како двојка буквално да се усогласите и договорите до кој степен можете да толерирате неред и нечистотија, односно, за кои работи ќе биде надлежен мажот, а за кои жената.

Секс

Иако секоја жена пред крајот на бременоста, а во периодот по породувањето ќе каже дека едвај чека повторно да ги разгори страстите во кревет, реалноста е дека многу од жените, кога ќе дојде време, не се подготвени. Ако ова е и вашиот проблем, знајте дека е подобро да разговарате со вашиот партнер отворено отколку да замолчите и да го отфрлате. На новите татковци одбивањето, по толку многу време трпеливо чекање, сосема ќе удри по неговото его, што може да се избегне со разумна дискусија. Не грижете се, сфаќаат мажите дека породувањето е болен процес, а новата улога на мајката не е баш сексуално возбудлива, со заморот и “новата љубов”, па затоа е подобро да се спречи проблемот со рзговор отколку да се дозволат тивки фрустрации и разидувања.

Кој да се прими на гости, а кој не?

Кога бебето ќе стаса дома, многумина би сакале веднаш да го видат и затоа е многу важно пред пристигнувањето од болница да се договорат кој треба, а кој не треба да дојде веднаш дома, колку е добро гостите да се задржат и дали е во ред или не секој ден некој да дојде. Макар и на кратко.

Чие време е за менување пелени?

Уште еден класичен проблем за несогласување ако работите не се договорат на време. Се разбира, мајката е таа која на почетокот ќе биде многу повеќе со детето, па глупаво е да се очекува од таткото тогаш да се меша во менување пелени, но во периодот кога уживате во тројка, должноста секако може фер да се подели.