Колач од мандарини

166

И во овие студени денови ни е потребно освежување.

Особено ако сте љубител на мандарини и слатки работи, ви нудиме колач кој нема да ви одземе многу време, а ќе биде вистинско задоволство на целото семејство .

Потребно 

Пандишпан

  • 3 јајца
  • 1 чаша млеко
  • 1,5 чаша брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 1 ванила

Фил

  • 1 л млеко
  • 6 лажици шеќер
  • 2 кесички пудинг ванила
  • 380 гр кисела павлака

Желе

  • 300 мл сок од лимон
  • 3 лажици шеќер
  • 2 лажици густин (нишесте)

Уште

  • 500 гр мандарини

1. Јајцата делете ги во еден сад белтоци во друг сад жолтоци. Белтоците матете ги со миксер и постепено додавајте го шеќерот и матете се додека да се растопи. Жолтоците исто матете ги со миксер додека да добиете густа смеса. Смесата додајте ја во белтоците и изматете повторно да се соединат.

2. Во садот со смесата додајте ги млеко, маслото и ванилиниот шеќер и матете на најниска брзина. После 1 минутно матење додајте го прашокот за пециво и брашното и промешајте нежно со шпатула или лажица.

3. Смесата истурете ја во правоаголен сад и печете во претходно загреана рерна од 200С 18-20 минути. Откако пандишпанот ќе се испеќе оставете го да се олади.

4. Во тенџере на оган ставете 800 мл од млекото и додајте го шеќерот па промешајте да се растопи шеќерот. Со преостанатите 200 мл млеко промешајте го пудингот од ванила. Пред да почне да врие млекото додајте го пудингот промешан и млекото и со жица за матење мешајте додека пудингот да ја добие потребната цврстина.Откако пудингот ќе згусне тргнете го садот од оган и оставете го да се олади.

5. Во оладениот пудинг додајте ја киселата павлака и со миксер изматет да се соединат. Филот истурете го над пандишпанот и со лажица распоредете го подеднакво насекаде.

6. Мандарините излупете ги, исчистите ги од конците, делете ги на парчиња и секое парче исечете го на половина. Над филот ставете ги мандарините по желба јас ги имам редено во редови (слика 1).

7. Во тенџере ставете го сокот од лимон, шеќерот и густинот и промешајте да се соединат па тенџерето ставете го на среден оган. Мешајте постојано за смесата да не згрутчи. Откако смесата ќе згусне тргнете ја од оган и уште додека е врела распоредете ја насекаде на колачот.Оставете да се олади па исечете по желба.

moirecepti.mk