За подготовка на овој специјалитет неопходно е да ги имате следните состојки:
- 1 кг ќебапи
- 2 компир средна големина
- 2 јајца
- 150 гр младо сирење
- 150 ml павлака за варење
- сол
- бибер
- сув растителен зачин
- 150 гр кашкавал
Ќебапчињата ставете ги во круг, ако се повисоки од садот врвовите исечете го со нож.

Компирорт да се изренда, додадте сол и бибер. Јајцата да се изматат па додадете ја павлаката. Додате го изгмечено младото сирење, посолет по вкус.

Потоа ставете половина од ренданиот компир на дното од тепсијата, а врз него ставете ги ќебапчињата и исечените парчиња од нив.
Повторно ставете од ренданиот компир, и пак прелијте ги ќебапчињата со преливот, ставете малку бибер, покријте со фолија и печете во рерна на 180 степени 60 минути.

Потоа преку готовиот прелив ставете од ренданото сирење и оставете да се раствори во исклучена рерна.

Уживајте во вкусот. Пријатно!



















