Најпознатиот љубовник во историјата страдал од сифилис и спиел со својата ќерка

3242

Сето ова, детално може да се исчита од неговата автобиографија, која многумина ја сметаат за една од најважните документи од 18 век, иако таа го покажува само животот на еден маж, кој се сметал за голем љубовник. Многумина, исто така, веруваат дека постоеле, секако, повеќе мажи кој би можеле да се закитат со истата титула, само што тие никогаш не напишале книги за своите подвизи.

Она по што дефинитивно се истакнувал Казанова бил фактот дека иако барал задоволство во сексот, тој и им го давал на своите партнерки.

Сепак, ние сме сосема сигурни дека многу од нив би живееле и без тоа задоволство, затоа што, на пример, ги принудувал селанките да спијат со него, а во кревет ја одвел и девојката за која бил прилично сигурен дека е неговата ќерка.

Денес би бил обвинет за силување, но во тоа време беше горд на своите љубовни успеси. И покрај фактот дека благодарение на нив “заработил” голем број сексуално преносливи болести, вклучувајќи ги и сифилисот и гонорејата.

Тој сакал да се фали дека спиел со 132 жени, меѓу кои била и една калуѓерка, а и редовно ги посетувал проститутките во борделите.

Не сакал да користи кондоми (кои постоеле во тоа време), туку се потпирал на видливи симптоми на болеста кај партнерките. Како што спомнавме, тоа не баш многу му помогнало со болестите (заради една не можел да спие со друга жена една година), а станал и татко на осум вонбрачни деца.

Неговиот живот бил полн со скандали кои го придружувале на голем број работни места, а ги исполнувал и полициските досиеја со јавни контроверзии; од тепање до сквернавење што тој ги правел против црквата.

Последните години од својот живот ги поминал како сиромашен отпадник од општеството, досадувајќи се и чувствувајќи екстремно незадоволство со животот, пишува Ozy.

Дури размислувал и за самоубиство, но на крајот одлучил да напише подолга автобиографија.

И покрај тоа што не е познато дали жалел по она што го направил, тој напишал: “Иако не жалам заради многубројните љубовни подвизи, далеку од тоа дека сакам на некој да му служам како пример за искористување на понежниот пол, кој е исто толку заслужен за моите успеси.”

И само така, влезе во историјата.