Мамо, јас не знам како е тоа – да живеам без тебе …

18334

Мама има 70 години. Таа ми тутка круши и јаболка, и вели со извинување: “Не се многу убавикога ќе ги погледнеш, но тие се многу вкусни. И не се прскани, од нашата градина се. Земи, знам дека ги сакаш … “

И јас ги земам. Земам и сирење. Затоа што го сакам сирењето на мајка ми. Одам, седнувам во автомобилот, заминувам.

И повторно некаде се движам. Брзам. Менувам градови и временски зони. Кај мајка ми доаѓам кога можам. По сите свои активности. По кафе со пријателите, и маникирот во салонот.

Ѝ носам нешто вкусно, и брзо прашувам– како е, што има ново, со нетрпение ја слушам (па што може да биде ново кај неа икај татко ми), станувам иронична во врска со нејзините, за мене безначајни, проблеми и грижи. И пак заминувам–трчам по своите обврски.

Мајка ми задолжително ќе ми каже дека одам лошо облечена, дека не го чувам грлото, затоа кашлицата и не поминува. Таа ќе ми каже дека многу работам, и дека е време да се смирам. Ќе се согласите со мене дека животот е комплициран, и дека не е страшно ако не можам честода доаѓамкај неа.

A живееме 20 километри една од друга. Редовноѝ се јавувам, и ги слушам деталните приказниза пазарот, сестратана која ѝ е многу тешко на село, за тоа дека доматите не родиле, бидејќи имало суша,дека кучето на соседот ја гризна нашата мачка…

Не ми е интересно. И ми се чини дека во нејзиниот живот, не се случува ништо важно. Станувам малку лута кога ќе ми се жалина своите болести, ја молам да отиде на лекар, а таа само одмавнува. Но, јас не сум доктор, како можам да знам каквилекови, на крај на краиштата, треба да се пијат!

Продолжува на страна 2