Мајка ми, одеднаш, нажалено вели: “Па, на кој ќе му сепожалам, ако не тебе …”
И јас занемувам, држејќиго мобилниот телефон во рака и сфаќам дека сум многу неправедна. И дека овој нејзин ѕвонлив глас, и сите нејзини зборови, и сите наши вечни дебати за тоа која од нас е во право, и нејзините негодувања, и моите изговори – сето тоа и е нашиот живот. Оној кој е тука, и сега ..
Скокам, се возам до неа “непланирано”, таа успева да мииспече лепињи, татко ми ми нуди да се напијам чаша домашно вино. Вино не можам. Возам. Тој пиесам, и го фали своето вино. Се смееме ..
Се завиткувам во шалот на мајка ми, студено е. Мајка ми брзо става дрва во шпоретот. И Јас сум, пак, мало безгрижно, среќно девојче. И сето тоа е вкусно. И топло. И нема никакви проблеми …
Мамо, мамо, само долго поживеј ми, бидејќи јас не знам како е да не го слушнамтвојот глас, како е без твојата кујна и топлината на домоткоити ги создаваш … Јас не знам како е тоа – да живеам без тебе …
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.


















