Еве како можете да си го уништите животот

1239

Астрологијата вели дека на секоја личност и е запишано во ѕвездите на кој начин ќе го уништи сопствениот живот, а тоа зависи од месецот на раѓање!

Јануари

Дозволувате стравот да ве спречи, а тоа е она што може целосно да ви го уништи животот. Ако дозволите да преовладуваат стравовите, ќе бидете лишени од најубавата страна на животот. Стравот ги спречува луѓето родени во јануари да одат напред во непознатото, што ќе им донесе многу добро. Вашиот најголем страв е од стагнација и ве спречува да се развивате.

Февруари

Луѓето родени во февруари ги уништуваат своите животи затоа што се држат до минатото. Гледањето наназад прави секогаш да се чувствувате тажни, бидејќи во вашата меморија минатото секогаш изгледа поубаво отколку што навистина било. Во вашиот случај, минатото секогаш преовладува над сегашноста. Тоа е маѓепсан круг, но ако успеете да научите да ја цените сегашноста и сите убави работи што ги носи, животот ќе ви цвета.

Март

Секогаш се стремите кон погрешни луѓе и со тоа си го уништувате животот. Го барате само најдоброто кај секого и верувате дека вашите добри намери ќе ги променат сите. Но, бидејќи тоа обично не се случува, вие останувате тажни и разочарани.

Април

Да бидете постојано лути на себе и склони кон самокритика може целосно да ви го уништи животот. Мора да разберете дека колку и да се стремите кон совршенство, тоа е едноставно недостижно. Престанете да го барате невозможното од себе и сè ќе биде добро.

Продолжува на страна 2