Направете го сами најдоброто и најевтиното средство за чистење стакло | Видео

280

Понекогаш едноставно не е доволно да купувате разноразни средства за чистење, особено кога станува збор за прозорците. Од многу производи остануваат бели траги и прозорците никогаш не се блескаво чисти.

Ако сакате на едноставен, брз и евтин начин да го направите најдоброто средство за отстранување на нечистотијата од прозорците, пробајте го овој рецепт.

Ова домашно средство за чистење на стакло воопшто нема да му наштети ниту на вашето здравје. Состојките кои ви се потребни најверојатно ги имате во домот, а тие се:

  • 2 чаши вода
  • 1/4 чаша алкохолен оцет
  • половина лажица средство за миење садови.

Сите состојки полека помешајте ги со цел да не создадете пена. Нанесете со прскалка на стаклото и избришете со памучна крпа.

Со ова средство можете да ги чистите и стаклата од туш кабината бидејќи совршено ќе ги отстрани дамките од бигор.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.