Распространетите „вечни хемикалии“ можат да ги поттикнат клетките на ракот да се шират

493

Таканаречените „вечни хемикалии“ ја забрзуваат миграцијата на клетките на ракот на дебелото црево и во исто време го зголемуваат ризикот од оваа болест, а една професија е особено изложена на овој ризик, открива нова научна студија.

Новото истражување сугерира дека изложеноста на одредени таканаречени „вечни хемикалии“ може потенцијално да ја забрза прогресијата на клетките на колоректалниот карцином (CRC).

Студијата била фокусирана на per- and poly-fluoroalkyl substances (PFAS), кои вообичаено се наоѓаат во крвта на пожарникарите поради нивната честа употреба на противпожарна пена што содржи PFAS.

Пожарникарите, со покачени нивоа на PFAS, се повеќе склони кон карциноми како што е колоректалниот карцином, кој е поврзан со факторите на животната средина кои сочинуваат 80 проценти од случаите на CRC.

Лабораториска студија, објавена во списанието Environmental Science & Technology, открила дека изложеноста на PFAS ги поттикнува CRC клетките да мигрираат, што укажува на потенцијална улога во ширењето на ракот.

Ги има насекаде

Ова не докажува дека се работи за метастази, но клетките на туморот имаат зголемена подвижност, што е карактеристика на метастазите, посочува Caroline H. Johnson, епидемиолог од Yale University.

PFAS, познати како „вечни хемикалии“, се постојани органски загадувачи со силни јаглерод-флуор врски и се отпорни на деградација. Коавтор на гореспоменатата студија, Jie Zheng, ја нагласува нивната распространетост, откривајќи PFAS во водата за пиење, прашината, производите за чистење и облогите.

Опасностите од PFAS, кои се наоѓаат во секојдневните предмети, остануваат нејасни поради различните соединенија. Високата изложеност на овие долгорочни хемикалии, поврзани со негативни здравствени ефекти, довело до класификација на перфлуорооктанска киселина (PFOA) како канцероген и перфлуорооктансулфонска киселина (PFOS) како можен канцероген.

Овие хемикалии треба да се следат

За да го проучат влијанието на PFAS врз агресивниот CRC, научниците користеле лабораториски одгледувани CRC клетки и метаболомика, откривајќи изменети метаболити клучни за клеточната функција. Изложеноста на PFOS и PFOA го зголемила движењето и пролиферацијата на клетките, влијаејќи на амино киселините, масните киселини и сигналните протеини поврзани со метастазите.

Студијата, клучна за професиите со висока изложеност, ја нагласува потребата од следење на овие хемикалии.

Многу in vitro студии не можат да се преведат на луѓето, но мислам дека е важно прво да се разберат механизмите за тоа како тие всушност можат да влијаат на растот на клетките на ракот, вели Johnson.

Извор: Science Alert