Десет работи кои едногодишно дете сака да ви ги каже

378

Животот со дете кое се уште не знае да зборува може да биде многу напорен, но од друга страна и многу забавен.

Следуваат неколку ситуации во кои ќе се пронајдат многу мајки и татковци

Поголем број од бебињата својот прв збор го изговараат околу 14. месеци, а до вториот роденден фондот на зборови се проширува до 50, што не е доволно за вистинска комуникација. Сепак ова не значи дека бебињата не разбираат што се случува околу нив.

Додека се обидувате да дознаете што сака вашето дете да ви каже, ние се потрудивме да ви олесниме:

– Да, реков дека сакам макарони. Те гледам додека ги подготвуваш и еве сега се пред мене, но сега ти велам дека сакам супа. Се предомислив. Навистина не гледам во што е проблемот.

– Престани да ми помагаш. Јас ова го можам сам. Да, токму така сакав – да носам панталони наместо капа. Токму ваков изглед сакав да постигнам. И ПРЕСТАНИ ДА МИ СЕ СМЕЕШ!.

– Гледај во мене. Нема да седнам во тоа авто-седиште без кавга. Сакам да видиш колку гласно можам да врескам.

– Да, ти понудив четкичка, но всушност не требаше да ја земеш. Секако дека плачам. Ми го уништи мојот цртеж. И не, сега не ја сакам назад. Сакав воопшто да не ја земеше. Овој ден е уништен.

Продолжува на страна 2