Детската себичност

539

Никогаш не се обидувајте детето со сила да го направите дарежливо, бидејќи на тој начин само ќе го поттикнете неговиот инает, а можно е и да се развие во несигурна личност.

Кога ќе наполнат три години децата почнуваат да сфаќаат што значи да поседуваш некој предмет, а во пракса најчесто тоа го покажуваат со тоа што не сакаат со никого да ги поделат слатките или некому да ја дадат играчката.

Иако повеќето родители се обидуваат да го натераат детето да дели и му објаснуваат колку е лошо да се биде сржавец, тоа е погрешно, сметаат психолозите.

Тие советуваат да не го загрозуваме правото на детето да ја штити „својата сопственост“ и со личен пример да му покажеме колку е убаво да се делат работите.

Никогаш немојте на сила да го терате детето да дели и не го етикетирајте дека е „сржавец“, бидејќи ќе помисли дека е лошо и дека не го сакате.

Забележете го и пофалете го секогаш кога ќе видите дека некому дало нешто, гласно искоментирајте го неговото добро однесување за да се почуствува гордо.

Децата сакаат кога постарите ги одобруваат нивните постапки, а сознанието дека се радувате на неговата дарежливост ќе ги поттикне децата и натаму да се однесуваат на таков начин.

Децата учат, гледајќи ги родителите, затоа водете сметка за тоа. Избегнувајте конфликтни ситуации, на пример немојте во парк или во игротека да ја носите неговата омилена играчка, бидејќи ако ја загуби, скрши или некој му ја земе ќе биде многу повредено.

Кога ќе му дојдат другарчињата, предложете им да ги разменат играчките на неколку дена или да ги соберат сите на купче и да ги прогласат за заеднички.

Раскажувајте им приказни во кои главните ликови секогаш делат со другите. И верувајте во своите деца, дури и доколку ништо од овие совети не ви успее, бидејќи тоа е само една фаза во нивниот развој. Децата набрзо ќе сфатат дека е многу поубаво кога си играат со пријателите, браќата и сестрите, делејќи играчки и ќе уживаат во тоа.

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Cashback World | Cashback – Враќање пари при секое купување