Доколку често јадете црвено месо, треба да знаете дека наскоро би можеле да имате проблеми со притисокот, покачен холестерол и со органите за варење.
Ова е список на најнездравите видови црвено месо, не би требало да ги јадете повеќе од два пати неделно:
Јагнешко
За многумина, јагнешкото месо е најдобриот деликатес, или поради неговата посебна арома или поради различниот вкус. Но, кога станува збор за здравјето, јагнешкото е на црната листа заедно со говедското. Исклучете го црвеното месо од вашето дневно мени и ограничете се на само една порција неделно.
Говедско месо
Како и во претходниот случај, се препорачува консумирање што е можно поретко. Меѓутоа, кога подготвувате говедско месо, направете го динстано и избегнувајте директно пржење.
Салама
Често се прават од најлошите парчиња месо, а ако се земе предвид дека се полни со разни адитиви и суплементи кои се канцерогени, не е ни чудо што се вброени на оваа листа. Некои видови салами содржат многу повисоки дози на нитрозамини дури и од сланината.
Свински колбаси
Свинските колбаси се полни со масти, зачини и адитиви кои не само што се нездрави, туку и најголеми виновници за многу кардиоваскуларни проблеми.
Решение: Ако јадете колбаси, не ги купувајте најевтините кои имаат неприродна црвена боја. Наместо тоа, одете на поскапите кои се поздрави и јадете ги поретко.