Дали на мамурлакот му е дојден крајот ? Научниците пронашле „инјекцијата за отрезнување“

805

Научниците се надеваат дека ова ќе помогне во лекувањето на пациентите кои завршуваат во болница поради акутно труење со алкохол.

Американските научници истражуваат дали „инјекцијата за отрезнување“ би можела да им помогне на алкохоличарите да се опорават од негативните ефекти на мамурлакот.

Истражувачите од Универзитетот Southwestern во Тексас на лабораториските глувци им инјектирале „прекумерна“ доза на етанол, што е еквивалент на прекумерното консумирање алкохол кај луѓето.

Потоа, како дел од истражувањето, на „алкохолизираните“ животни им бил вбризгуван хормонот FGF21 (фактор на раст на фибробластите 21), кој се наоѓа во црниот дроб.

Хемикалијата испратила сигнал до мозокот да се заштити од штетното дејство на алкохолот.

Тие откриле дека на глувците со пониски природни нивоа на хормонот им треба подолго време да се опорават од другите.

Се покажа дека високите дози на FGF21 „значително го забрзуваат“ процесот на отрезнување преку стимулирање на мозочните клетки поврзани со возбудувањето – дури и кога нивото на етанол во нивните тела не е променето.

Познато е дека FGF21 штити од негативните ефекти на алкохолот со тоа што побрзо го разградува и ги стимулира мозочните клетки.

Глувците беа тестирани за исправување на рефлексот и рамнотежата по изложување на етанол.

Водачот на студијата, д-р Steven Kliewe од Универзитетот во Тексас, рече дека се надева дека FGF21 ќе биде корисен во лекувањето на пациентите кои пристигнуваат во болница со акутно труење со алкохол.

Зголемената будност на пациентот би ни користела многу во овие ситуации, прво затоа што би ја избегнале потребата од интубација, а треба да се запомни дека пациентите во несвест можат да се задушат во сопствената повраќаница, но и да го забрзаме процесот на проценка и лекување на други повреди кои често се случуваат истовремено, рече тој.

  • Откривме дека црниот дроб не е вклучен само во разградувањето на алкохолот. Испраќа хормонален сигнал до мозокот за да се заштити од штетните ефекти на труењето, вклучувајќи губење на свеста и координација, објасни тој.

Резултатите од студијата беа објавени во стручното списание Cell Metabolism.