Нашето општество како и секое општество се соочува со најразлични проблеми, но постои еден, кои лично мене ми оди некако на нерви и тоа од деца кои имаат пет години до возрасни, сите бистрат политика, влегувате во такси ви зборуваат за политика, влегувате во продавница или одите на пазар и ви кажуваат што е добро и што е лошо во политиката па се прашувам:
Дали сме народ кои премногу време поминува во политичкиот контекст?
Тоа беше последица на фактот во 90тите години што луѓето и немаа толку работни ангажмани и некакви идни планови коишто би сакале да ги направат, па се замараат со сето она што и не е нивна обврска, кога луѓето имаат ангажман, особено кога врз основа на тој ангажман можат да прават идни планови и да остваруваат идни цели, тие не се замараат со политика, тие ќе се замараат за обични работи, што ќе се јаде, каде ќе се оди после тој ручек, што ќе правиме со гостите, дали ќе одиме на кино, дали ќе одиме на театар, оној кој уште од сабајле ќе стане и нема идеа што ќе прави со себеси во текот на денот, нема никакви обврски, ако е домаќинка гледа турски серии, ако е стечаец или технолошки вишок тој се замара со вести и со политика….и најчесто конзумира алкохол.
Не треба да влегувате во политика, ако несакате да садите тикви со ѓаволот.
Во политиката ако сте сами сте многу изложени, а така политичката партија дава чувство на сигурност и на безбедност, затоа национализмот, затоа таквите движења функционираат одлично, бидејќи такви разни слаби душички ќе си го најдат таму местото, ќе се стабилизираат, тоа им дава сигурност, тоа им дава логика, имам смисол на животот и тоа прави да се чувствуваат моќни. Или со други зборови кажано колку повеќе си мивка, толку повеќе ти прија да си внатре за да си марка. Најголемиот квалитет денес за политичка партија е да немате свое мислење туку да бидете без поговор, за да слушате она што ќе ви го каже водачот.
Секогаш е полесно да се мобилизираат маси на луѓе околу некаков негативен контекст, околу У-А пароли, околу некакви национални пароли, националистичка хистерија, но што кога треба да се размисли многу убаво, каде би не одвело понатамошното негативно, што имаме да изгубиме и како всушност се чувствуваме. Национализам е нешто што нетреба да се меша со патриотизам, но е повеќе идиотизам од патриотизам.
Луѓето во маса се импулсивни, емоционални, сурови, неспособни за рационално размислување. Човек во куп, маса, се спушта за неколку степеника низ летвата на цивилизацијата.
Овие карактеристики на однесувањето на луѓето во маса и нивната подлежност на сугестија, можат поединци да го искористат. Таквите поединци кои умеат да ги иницираат масите постануваат лидери. За иницирање на масите на акција не е важна рационална аргументација. Зборот на лидерот кој успева да ги иницира масите представува само некоја врста притисок на другите, знак на кој масите стапуваат во акција, претставува некоја врста на сигнал кој во луѓето предизвикува оживување на нивните примитивни нагони. Улогата на масите станува се помоќна и во неа треба да се види опасност за цивилизацијата и опасност да човекот пак падне на примитивно ниво.
Клучниот политички проблем за интелектуалецот не е да ја критикува идеолошката содржина, туку да конструира нова политчка вистина.
Француската активистка Офели Латил вели:
Сите ние сме како жаби што пливаат во топла вода, но предоцна забележуваме дека сме всушност во тенџере за готвење.
Што е со она човекот сам да проба да си ја најде шансата. Зошто се некој друг да ни го трасира патот, да ни биде дадена шанса што е апсолутно можно, но ајде да ја свртиме паричката од другата страна, секој сам бидејќи некогаш таа помош може и да одмогне. Ако си сам со себе и имаш добра идеја и цврсто веруваш во неа ќе дојдеш до неа, па и покрај сите пречки. За шансата некој се изборил на еден или на друг начин. Прво треба да знаеш кое е твоето место до кое сакаш да стигнеш, потоа и патот, но никој не верува во себе и од таму потребата за некој авторитет.
Најтешко е да си ги признаете сопствените слабости, сопствените грешки и би било добро секој да учи и на сопствените и на туѓите грешки, но да биде пред се искрен со себе, а тоа воопшто не е лесно, има една тенденција да постапуваме по линија да се другите ни се криви, гледање во политиката наместо сопствените грешки.
Сите ние сме еднакви, само некои од нас се поеднакви – Орвел
Тоа го има во политиката, во економијата, во тие општествени хиреархии, па да но тие општествени хиреархии не се духовни хиреархии, тие се измислени од луѓето, затоа што луѓето се довеле до еден ќороскак, не ја сватиле својата мисија на планетава, не знаеле што да прават и како да прават со себе и си рекле дај сега ние да се организираме, тие што биле малце попаметни рекле: “точно ние треба да се организираме и што да правиме, дај да владееме со другите што се помалце организирани” и тоа е до ден денеска така. Меѓутоа коа зборуваме за еднаквост, јас говорам за еднаквост на човечкоѕо битие како битие, а не во смисла на политика, националност, превласт, тоа ние неможеме да го разбереме како човештво и затоа пливаме кон крај кој еден ден и ќе дојде.
Политичарите како да се поголеми ѕвезди од глумците, они ги возат најбесните коли, ги користат најскапите дроги, ги зимаат најубавите женски, можат да седат во кафич до 5 сабајле, на патарина да пројдат без да платат, мислам малце се изместија реперите околу тоа што е политичар, а што ѕвезда во државата. Мене ме нервира онаа теза остај ја политиката, тоа е за некои други луѓе, да тогаш оставаш простор некој недоквакан да се бави со нешто што е многу битно, суштинско за животот на едно општество, на еден човек, на една нација, на било што и ние со тоа што ја игнорираме политиката оставаме простор на некои медиокритети, погрешни луѓе на погрешни позиции
Во прилог еве што вели и Љ. Зиков во неговата книга “Анатомија на на еден пораз” : Во Македонија за 20 години не е изградена пирамида на институционална поставеност, кај нас имаме трапез, трапез значи дека има две рамнини, горната рамнина е помала, долгата е поголема. Долната рамнина има народ, тука се сите два милиони. Што се случува на втората рамнина, помалата рамнина, таму имате 1000, 1500 луѓе во целото ова општество наше мало, закражлавено каде ги има од сите бои вмро, дуи, дпа, сдсм, бивши комунисти, имате идни комунисти, боржуи, имате аристократи во обид, неизградена таа аристократска компомнента во Македонија, никогаш небила ни изградена, бидејќи Македонија практично од некои свои ослободителни движења меѓу двете светски војни директно премина во некој феудо – социјалистички комплот каде што неуспеа дури ни да стратифицира свое општество онака како шшто треба да биде компатибилно на денешните поимања за тоа, за разлика од нас Хрватска, Словенија можете да препознаете елита која не е создадено во овие 20ти, туку некогаш многу порано и од неа се произлезени денешните луѓе, што е социолошки проблем на нашата држава. На таа горна платформа тие успешно се договараат, успешно меѓу себе комуницираат, како наместена утакмица, купена утакмица. Подредувам факти дека во позадина на нештата стојат парите.”
Живееме во воздух полн со политички солзавец. Не зашеметивте со вашите отрови, ги научивте децата да мразат, не терате пријателите да ги гледаме ко непријатели, не лажете со ефтини приказни, не тренирате за партиски снајперисти…затоа општеството ни пука по сите шавови!
Подобро да патиш од вистината, отколку да бидеш награден за лагата.
Леонардо да Винчи
Автор: Моника Стаменковска



















