“Ќелавата” вагина не е безопасна | Видео

7646

Новото истражување спроведено во Франција сугерира дека постојат опасности од сексуално преносливите болести ако сте склони кон бразилската депилација.

Научниците откриле поврзаност помеѓу отстранувањето на срамните влакна и инфекцијата, позната како molluscum contagiosum. Molluscum contagiosum е релативно безопасна, но заразна инфекција.

Станува збор за вирусна инфекција, која е честа кај децата.

“Овие инфекции лесно може да се пренесат со допир на предмети”, објаснува Jeannette Граф, од дерматолошката клиника Mount Sinai Medical Center.

Сепак, кај возрасните, molluscum contagiosum се пренесува сексуално.

Француската студија е спроведена врз 30 пациенти кои биле заразени со вирусот при секс. Тие откриле дека 93 проценти од пациентите се без срамни влакненца и предупредуваат дека отстранувањето може да ги зголеми шансите на вирусна инфекција поради малите гребнатинки или отвори на кожата кои се јавуваат во текот на процесот на депилација или бричење.

Но, пред да одлучите за “природниот” изглед треба да знаете дека оваа студија е направена на многу мал број пациенти, така што не треба да се гледа како сеопфатна студија. Олеснителна околност е таа што оваа вирусна инфекција лесно се лекува.

“Ако имате брадавици, тие можат да бидат изгорени, замрзнати или да се третираат со лекови или креми”, вели Франческа Фуско, дерматолог од Mount Sinai Medical Centar во New Yorku.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

БОНУС ВИДЕО