Полош сон по враќањето на саатот

531

По менувањето на зимското сметање на времето, првата ноќ поголемиот број добро ќе отспие дополнителен час за одмор, но следните неколку дена сонот ќе биде нарушен, открива една студија на Универзитетот Глазгов врз 3000 луѓе.

Причината за тоа е адаптацијата на организмот на новиот биоритам, кој треба да се адаптира и на новото сметање на времето. Затоа на луѓето им се потребни неколку месеци да се прилагодат, што резултира со послаб квалитет на сон.

Во просек, квалитетот на својот сон пред промената на времето во октомври, луѓето на скалата од 1 до 10 го оценуваат со 5,4. Во ноќта на промената на часот и ден потоа, квалитетот се качува на 5,8, но веќе во неделата по промената паѓа на 4,5, објаснуваат истражувачите.

– Нашиот сон се влошува по октомври, не само поради новиот биоритам, туку и затоа што ноќите стануваат подолги, а ние се обидуваме порано да легнеме за да се наспиеме. Тоа резултира со несоница и чести будења и превртувања среде ноќта – заклучи лидерот на студијата, професор Colin Espie.

Трикови како подобро да се наспиете

Намалете го внесот на шеќер, вино, глутен и млечни производи

Тие предизвикуваат поголем дел од хормоналните воспаленија, што може да доведе до лош сон.

Земете додатоци во исхраната

Тие се одличен начин за поддршка на хормоналната рамнотежа. Лошото здравје на цревата е поврзано со замор, па затоа добар пробиотик е одлично место за почеток. Витамин Д, Ц, Б комплекс и магнезиум се добри додатоци за секојдневниот замор, пишува Telegraph.

Јадете помрсна храна

Недостатокот на маснотии не е добар за спиењето. Хормоните се составени од масти и ако телото не добива доволно добри масти преку исхраната, некои хормони стануваат неурамнотежени, што може да придонесе за заморот. Во исхраната треба да се вклучат намирници како што се авокадо, мрсна риба, ореви и семиња.

Вежбање

Истражувањето на Универзитетот во Џорџија покажало дека луѓето кои поголемиот дел од своето време седат, со зголемување на вежбањето три пати неделно би чувствувале 65 проценти помалку замор.

Престанете да очекувате 8 часа спиење

Потребата за спиење е разновидна кај луѓе како што се нивните отпечатоци од прстите – потполно индивидуална. Насекаде, од четири до единаесет часот, е нормалната количина на дневниот одмор. На некој му треба само пет часа спиење, а потоа ќе се чувствува одморно и свежо исто како и некој на кого му се потребни осум часа.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.