Светот понекогаш има смисла | Деца научиле знаковен јазик и на омилениот домар, кој не слуша, му ја отпеале “Happy birthday” | Видео

302

Г-дин Џејмс 15 години работи како домар и децата го обожаваат

Децата од градинката, којa е дел од Oсновното училиште Hickerson во Tullahoma, Тенеси, направиle една убава и симпатична работа по повод роденденот на својот омилен пријател, г-дин Џејмс. Тој, имено, е глув, а тие само за него научиле да ја изведат песната Happy Birthday со помош на знаковен јазик.

Џејмс, 60-тиот роденден го наполнил во вторникот. На почетокот на видеото можеме да видиме како г-дин Џејмс влегува во училницата, а децата, со помош на наставничките Amy и Alysse и медицинската сестра Angela, кои ги и научиle знаковен јазик, почнуваат да ја пеат песната.

Многу е поврзан со децата

Кога г-дин Џејмс сфатил дека децата, покрај тоа што пеат, ги покажуваат и зборовите со знаковниот јазик станува видливо трогнат. Директорот на училиштето вели дека домарот Џејмс 15 години работи во училиштето и дека е многу поврзан содецата.

“Г-дин Џејмс понекогаш ги учи децата на знаковен јазик, ги учи пристојно да се однесуваат и како да се однесуваат кон другите луѓе”, изјави за Fox17. Неговата посебна роденденска честитка досега ја виделе повеќе од 400.000 луѓе, со коментар дека децата им ја вратиле вербата во луѓето и подобро утре.