WWF Adria предупредува | Невиденото невреме што го погоди регионот е предупредување за тоа што не чека во иднина

477

Колку човечки животи треба да се изгубат и која е цената на материјалната штета што сме спремни да ја платиме пред да сфатиме дека треба да го запреме натамошното затоплување на планетата, прашуваат во WWF Adria.

Екстремните климатски катастрофи се предупредување на природата дека промената на начинот на живот е неопходна за да се запре натамошното затоплување на планетата, објави во петокот Светската организација за заштита на природата WWF Adria во коментар за големото невреме што ги погоди регионот.

Невиденото невреме кое го зафати регионот, однесе многу животи и предизвика огромни штети е предупредување за природни катастрофи кои може да ги очекуваме се почесто. Последиците од глобалното затоплување се присутни овде и сега. Науката и професијата долго време предупредуваат за нив, но се уште без реален и систематски одговор, посочува WWF Adria во соопштение за медиумите.

Тој вели дека неодамна тесно и едвај изгласаниот Закон за обнова на природата во Европскиот парламент покажал дека сè уште нема добра волја и спремност кај одлучувачите и економијата за трансформација и декарбонизација, кои се неопходни доколку сакаме да ги зачуваме малкуте природни ресурси што ни останале, а со тоа и целата планета за нашите потомци.

Законот за обнова на природата, иако еден од клучните делови на Зелениот договор на Европската унија, едвај е изгласан поради силната кампања за дезинформации од конзервативните и десничарските политичари, како и одредени економски лобија, тврдат од WWF.

Тие велат дека ЕУ се заснова на компромис за интересите на нејзините земји-членки, но со природата и итната потреба за решавање на климатската криза и губењето на биолошката разновидност – не треба да има компромис.

Колку човечки животи треба да се изгубат и која е цената на материјалната штета што сме подготвени да ја платиме пред да сфатиме дека мора да престанеме со натамошното затоплување на планетата, да се впуштиме во сериозна декарбонизација на општеството, да ја заштитиме природата и нејзините живеалишта и дека сите треба да учествуваме подеднакво во оваа трансформација, праша извршниот директор на WWF Adria, Nataša Kalauz.

  • Наместо тоа, предупредува Kalauz, се зголемија инвестициите во фосилните индустрии, а ние се гушиме во пластика, која наскоро ќе ги надмине рибите во морињата.

Мора драматично да ја намалиме зависноста од загадувачките фосилни горива и да преминеме на обновливи извори на енергија со многу побрзо темпо. Мора да го промениме начинот на кој добиваме енергија, како патуваме, колку ресурси трошиме, како произведуваме храна и што јадеме, истакнува Kalauz.

  • Таа вели дека е неопходна декарбонизација на економијата, како и транзиција кон циркуларна економија во која не доминира гладта за континуиран раст, која троши ограничени ресурси. Сите наши напори треба да бидат насочени кон транзиција кон одржлива економија и живеење во хармонија со природата, заклучува Kalauz.