Машки „глупави финти“ на кои паѓаат и најпаметните девојки

1596

Тешко е да поверуваме дека овие фори се кажуваат случајно туку со намера да добијат се што ќе посакаат без многу труд.

Овие се најкористените фори на кои „паѓа“ секоја жена.

  • Не сум подготвен за врска, но може да се забавуваме

Многу жени паѓаат на ова, со надеж дека ќе дојде тој ден кога тој ќе стане подготвен за врска.

  • Не сакам секс од тебе, само сакам да разговараме

Класична машка фора која секогаш завршува со секс. Доволно е само да се каже дека не станува збор за секс и жената веднаш паѓа и мисли дека се работи за прекрасно момче.

  • Би ги измил садовите, но ти тоа подобро го правиш

Не пали секогаш, но првите неколку пати ќе му успее.

  • Имам многу работа, но ќе ти се јавам наскоро

Најверојатно не сака да се гледа со вас, но купува време.

  • Никогаш не сум запознал девојка како тебе

Ова веројатно го кажува на секоја девојка што ќе ја запознае, но секоја ќе се почувствува толку посебно што е подготвена на се.