Ристо Јачев | ЗАГУБЕНА ПАДИНА

2008

ЗАГУБЕНА ПАДИНА

Така како дете
Мама ќе ми речеше:
– Ичку бе, ним пули н’т пл’анинта
дек шо пие вода месичинта
нојќај
легни си
ќе ти дојде ву сонут
к’ту шумска нивистулка
с’те деца т’ка прав’т
а сунув’т.

Така како што одев
Го загубив сонот
Без сон сум до денес.
Сега нема кој да ми рече:
– Ичку, ним пули н’т пл’анинта
Ним пули во месичинта,
Оти и они ослепеа
Со мајка си умреа.

Ете така, само јас како ѓавол
вртам. И како низ темна камара
и како во затворена матра
низ главата ја барам
невестулката
самовилата со плетената опашка
во мојата загубена падина.