Дали го крадат наследството на Хитлер за профит или ентузијазам по нацизмот?

1658

Нацистичките и „СС“ униформите станаа барана стока, музеите принудени на големи промени.

Во август минатата година шестмина провалници влегле во Музејот на сведоците (Eyewitness Museum) во холандскиот град Бик и земале експонати во вредност од 1,5 милиони евра. Потребни им биле шест минути да го сторат тоа. Тие очигледно точно знаеле што бараат.

Во октомври следел грабеж на Воениот музеј во Осендрехт. И тука, крадците се однесувале дрско: украле, меѓу другото, и оружје и кукли облечени во историски униформи. Вредноста на украдените предмети е скоро еден милион евра, пишува германски Deutsche Welle.

Франс ван Венрој, директор на Воениот музеј во холандскиот град Лун оп Занд, решил да стори нешто, а не само да чека неговиот музеј да дојде на ред. Предметите, како прибор за јадење од Адолф Хитлер или Хајнрих Химлер или униформите на СС и Хитлер Југенд, ги складирал безбедно, а влезната врата на музејот дополнително ја зајакнал. Неговите колеги од Воениот музеј Оверлун ги претставиле експонатите што ги зедле како позајмица од холандскиот Институт за воена документација, како мерка на претпазливост.

Но, следниот грабеж не се случил во Холандија. Ноќта на 3 ноември 2020 година, непознати сторители украле 20 експонати од германскиот музеј Нордшлезвиг во данскиот град Сондерберг.

Музејот издал соопштение во кое, меѓу другото, се вели: „За време на провалата, сторителот или повеќе од нив биле насочени кон предмети што го прикажувале националсоцијалистичкото минато на германското малцинство. Овие се претежно различни униформи. Вредни трофеи се бараат во униформните кругови на колекционерите и тоа може да биде мотивот за кражбата“.

Цени како за златото

Сè уште не е познато дали овие случаи се меѓусебно поврзани. Но, јасно е дека предметите од нацистичкото минато се на цена од кога ѝ било. Интернет-платформата за продажба на „артнет“ предупредува дека се повеќе се нудат фалсификувани предмети од тој историски период. Ова било особено видливо при подготовката на изложба во Буенос Аирес за која експертите утврдиле дека е составена од експонати, од кои повеќето не биле оригинали. Предметите се прават скоро сериски во Полска, Украина, па дури и во Пакистан, вели еден наддавач на „артнет“, пренесува германскиот медиумски сервис.

Најбараните предмети од нацистичката ера се униформите, шлемовите, воените украси, мечевите и личните предмети на високи офицери или нацистички службеници. На аукции, ваквите предмети редовно достигнуваат висока цена.

Арнд Бауеркимпер е професор по историја од 19 и 20 век на Слободниот универзитет во Берлин, експерт за националсоцијалистичката диктатура и нејзината врска со тој дел од германското минато.

И тој верува дека интересот за предметите од нацистичката ера се зголемил во последните десет години. Според него, постојат три различни причини: одредена фасцинација со нацизмот, сè поприсутен далечен-разигран пристап кон овој тематски комплекс и комерцијална димензија.

Едноставно, тогаш го забележавме. Но, мора да се види и другата страна. Кој сака да ги поседува тие предмети? Така доаѓаме до група која има десни екстремистички склоности, но исто така и кај луѓе кои не се политички мотивирани, но се фасцинирани од националсоцијализмот, рече Бауеркимпер за Deutsche Welle.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.