Браќата и столарот | Поучна приказна

889

Биле еднаш двајца браќа кои живееле на соседни фарми и се скарале.

Тоа бил прв посериозен спор во последните 40 години. Во тие 40 години браќата живееле еден до друг, се сакале и си помагале.

Но, одеднаш таа идила пукнала. Се започнало со мало недоразбирање кое довело до голема расправија и груби зборови по што следел период на молк, со месеци.

Едно утро некој тропнал на вратата на постариот брат. Ја отворил и видел човек со столарски алат.

“Барам работа“, рече тој. „Можеби може да има работа за мене овде на вашата фарма?

  • “Да“, врати постариот брат.

„Знам што можел да направиш за мене. Ја гледате таа куќа од другата страна на потокот? Таму живее мојот сосед, всушност, мојот помал брат. Минатиот месец имало ливада меѓу нас, но тој ископал поток од реката до тука и сега е меѓу нас. Го направил тоа за да ме огорчи, но јас ќе му вратам… Ги гледате ли оние стебла покрај шталата? Сакам да ми направите ограда од два метри за да не можам повеќе да го гледам него и неговата куќа“.

Столарот: „Се ми е јасно. Дајте ми клинци и бушилица и ќе видите колку добро можам да го направам тоа“.

Постариот брат му го дал на столарот потребниот материјал и си заминал до градот. Столарот работел напорно цел ден…

Столарот до крајот на денот си ја завршил својата работата. Постариот брат се вратил вечерта, но се зачудил кога видел дека воопшро нема ограда.

Столарот изградил мост што ги поврзувал двата брега на потокот.

Прекрасен мост, а од другата страна со широко отворени раце му се приближувал помалиот брат.

„Навистина си голем човек кога си изградил мост по сé што ти кажав и што ти направив“, рекол помалиот брат.

Браќата застанале секој на својата страна од мостот, па полека тргнале еден кон друг до средината на мостот. Во тој момент забележуваат столарот како ја зема својата кутија со алатки и заминува.

„Еј, почекај! Останете со нас неколку дена, има уште многу работи што би можеле да ги направите“, вели постариот брат.

– „Би сакал“, рече столарот, „но морам да направам уште многу мостови…“