Како да го запрете икањето

152

Иако не е сериозно, икањето може да биде непријатно, па затоа ви пренесуваме неколку „трикови“ за негово прекинување.

Во иднина за да го спречите икањето навикнете се полека да јадете и пиете. Избегнувајте земање на преголемо количество јадење или пиење одеднаш и секогаш добро џвакајте ја храната.

Овие методи делуваат така што го зголемуваат нивото на јаглерод диоксид во телото, со што се опушта дијафрагмата.

Related image

1. Вдишете и задржете го воздухот неколку секунди, но издишете пред да ве фати вртоглавица.

2. Ставете хартиена кесичка (никако пластична) преку устата и носот и неколку пати вдишете и издишете.

3. Со прстот и палецот цврсто притиснете ја секоја страна на вратот под основата на черепот од две до три минути, истовремено дишите брзо и плитко. Со тоа се смирува нервот кој управува со стегање на дијафрагмата.

4. Полека пијте ладна вода или шмукајте коцка мраз. Друга можност е да ја свиткате главата напред над чашата вода и полека да пиете од спротивната страна на чашата. Ритмичките контракции на желудникот предизвикани со побавното пиење и голтање исто така помага во спречување на грчење на дијафрагмата.