Не ги фрлајте семките од лубеница! Употребете ги како извор на здравје (инструкции и рецепти) Видео

76

Објавено July 5, 2016. Прочитано 61014

Како што самата лубеница е многу вкусна и корисна, многу луѓе ги игнорираат или едноставно, не се свесни колку семките можат да бидат корисни за нивното здравје. Додека луѓето јадат лубеница, тие ги фрлаат семките. Оние кои тоа не го прават, во еден дел си помагаат при варењето на храната, но за жал тоа е сѐ.

Самите семки при поминување низ дигестивниот тракт остануваат непроменети и само механички помагаат за подобро варење, но повеќето од нивните корисни состојки остануваат неискористени. За да се искористат сите лековити својства, семките треба да се варат, мелат или да се испечат со цел да се дојде до вредната содржина.

Семките од лубеница содржат диетални влакна од суштинско значење за нормално функционирање на дигестивниот тракт. Тие помагаат во случај да се појват цревни паразити, како и за лекување на пациенти со жолтица и воспаленија во организмот …

Семките од лубеница содржат цитрулин, супстанца која дејствува како антиоксиданс и помага во проширување на крвните садови и имаат корисен ефект во случај на атеросклероза, висок крвен притисок, ангина и еректилна дисфункција кај мажите.

Дури и познатиот Едгар Кејси, таткото на холистичката медицина од почетокот на дваесеттиот век, напишал дека семките од лубеница се здрава состојка и особено се корисни за третман на бубрезите и мочниот меур. Според Кејси чајот од свежи семки од лубеница е одличен диуретик и се препорачува за отстранување на камења и песок во бубрезите, чистење на мочниот меур, бубрезите и уринарниот тракт.

Кејси го препорачува следниов рецепт: 4 лажици исклучиво свежи семки од лубеница се мелат или исечени се варат 15 минути во 2 литри вода. Оваа количина треба да се распореди и да се пие два дена, а третиот ден се прави пауза. На тој начин, процесот продолжува неколку недели во исти временски интервали од два дена употреба со еден ден пауза.

Продолжува на страна 2