Не ги фрлајте семките од лубеница! Употребете ги како извор на здравје (инструкции и рецепти) Видео

2178

Еден од најдобрите лекови за третирање на бактеријата Escherichia coli во уринарниот тракт и спречување на паразити во цревата е вода направена од семките на лубеницата. Потребни ви се 30-40 семки свежи или суви. Пред да ги употребите треба да се исечкат, искршат или столчат. Оваа количина се става во 1 литар вода и се вари околу десет минути. Кога ќе се олади може да се чува во фрижидер и да се пие секој ден. Можете да ја мешате со сок или со некој друг вкус ако така ви е полесно. Течноста во количина од најмалку еден литар на ден е потребно да се пие неколку недели до неколку месеци сѐ додека бактериите целосно нѐ исчезнат.

Рецептот е погоден како за деца така и за возрасни. Во текот на летото подгответе и соберете доволно семки како би ги имале на располагање за долгорочна употреба во период кога лубениците не се достапни.

Сличен рецепт се користи и за третман на prostitis, која важи за една од најчестите болести кај мажите, особено оние кои се постари од 40 години. Неопходно е да се земат две лажици суви и мелени семки кои се преливаат со половина литар врела вода. По половина час течноста се конзумира, а потребно е оваа доза да се пие секој ден во период од неколку недели. Првите позитивни резултати на простатата можат да се почувствуваат по само десет дена.

Семките од лубеница се препорачуваат за зајакнување на срцето и мускулната структура на телото. Користење на семките како чај или грицки се препорачува и зазајакнување на меморијата и концентрацијата, но и за сјајот и убавината на затегнатата кожа. Семките од лубеница се одлични, како и самата лубеница, за зголемување на либидото и потенцијата кај мажите. Чајот од семки се препорачува за дијабетичари како ефикасно средство за лекување на дијабетес тип 2.

Семките од лубеницата можете да ги искористите и како солен, вкусен snack слично како и семките од тиквата. Неопходно е да се измијат исклучиво црните семки, да ги раширите на хартија или на некоја површина и да ги исушите на воздух или на сонце целосно. После тоа семките ги печете во тава или рерна на средна температура 20 -25 минути. Не користете премногу висока температура за да ги зачувате корисните состојки во семките. Во 2 дл вода, разматете супена лажица сол и со таа вода повремено посипете го во мали количини семето додека се печат. Водата ќе испари, а солта ќе се задржи на семките. Семките се многу вкусни и го задржуваат поголемиот дел од корисните состојки со ваква употреба. Така подготвени, се омилен специјалитет во Египет.

Семките од лубеница се одличен извор на магнезиум, железо, витамини А, Б, Ц, антиоксиданси, калциум, калиум, манган, ниацин, и полузаситени заситени здрави масти.

Бонус видео: