Ги проучувал навиките на милионерите и заклучил | Ова е начинот на збогатување

595
Thomas Corley

Стекнувањето богатство не е случајно. Потребна е напорна работа, бестрашност и начин на размислување за раст.

Thomas Corley потрошил пет години проучувајќи ги навиките на милионерите, а некои од нив сами го стекнале богатството, и се со цел да открие како го поминуваат своето време.

Врз основа на неговото истражување, тој идентификувал шест заеднички принципи кои им помогнале да стекнат богатство.

1. Постојано учат

Учењето и самоподобрувањето се врвни приоритети за овие луѓе. 49 отсто изјавија дека им се потребни неколку минути секој ден за да научат нови зборови, а 61 отсто споделиле дека практикуваат нови вештини (спорт и онлајн часови) најмалку два часа на ден. Други 63 отсто рекле дека слушале аудиокниги за време на патувањето до нивните работни места.

77 отсто изјавиле дека често читаат книги за самопомош. Многу од нив се одлучувале за биографии на успешни луѓе.

2. Повеќе слушаат отколку што зборуваат

Една стратегија што се појави многу пати во моите интервјуа беше правилото за слушање 5:1. За секоја минута што зборувале, милионерите слушале пет минути. Ова им помогнало да ги зајакнат своите работни односи и да добијат голем број различни перспективи за одредено прашање.

81 отсто рекле дека активно бараат повратна информација од другите секој ден, во и надвор од работното место.

3. Градат одлични тимови

Во моето истражување, 86 отсто од милионерите работеле во просек 50 часа или повеќе. Но, не работеле сами. Многумина успеале затоа што се фокусирале на нивните силни страни и откриле начин да ги искоренат своите слабости.

Доколку не поседувале одредена вештина, тие се обраќале до некој што е одличен во таа вештина за да можат да се фокусираат на пошироката слика и да имаат повеќе време и ментална енергија да ја извршат.

Опкружувањето со луѓе кои ја споделуваат нивната визија им овозможило да ги реализираат нивните цели.

4. Сонуваат големи соништа

Многу од милионерите во моето истражување користеле стратегија што ја нарекувам „Поставување соништа“. Седнале и напишале како би изгледал нивниот идеален живот по 10 години.

Еден од милионерите во моето истражување имал пасија кон виното и мислел дека може да заработи милиони инвестирајќи во вино. Неговото семејство и пријателите мислеле дека не е возможно.

Со текот на времето, тој станал експерт во индустријата и заработил 4 милиони долари: сето тоа затоа што не се откажал од идејата во која верувал.

5. Милионерите му даваат приоритет на своето здравје

Доброто здравје се преведува во долговечност, што значи повеќе време за создавање повеќе богатство.

Една милионерка долго време се борела со дебелината. Еден ден решила да пешачи по еден километар дневно. По еден месец, зголемила на два, а потоа на три. До моментот кога ја интервјуирав, таа веќе учествуваше на маратони. Својата енергија, фокус и желба да успее делумно ги припишала на овие фитнес-цели кои ѝ го промениле животот.

6. Сами си ја создаваат среќата

Не зборувам за среќа што ја имаат во казино или на лотарија; 94 отсто од милионерите во моето истражување изјавија дека никогаш не се коцкале.

Среќата во овој контекст не е случајност, туку ризикување кога станува збор за нешто ново. Голем дел од милионерите имале способност да гледаат нешто што е невидливо за другите и да смислат креативни решенија и алтернативни патишта до успехот.

На крајот на краиштата, упорноста создава можности, а среќата доаѓа кај оние што одбиваат да се откажат од своите соништа и цели.