Секс совети за жени во 19 век | Мозочно лудило!

1579

Страстен секс во брак? Денес кон тоа сите настојуваат, а во 19 век такво нешто било несакано, барем “на хартија”.

Жените често се претставувани како невини суштества лишени од секоја сексуалност, освен за потрбите за раѓање на децата, додека мажите во главно биле “сексуални манијаци” кои скокаат на жена веднаш штом ќе види парче гола кожа.

На жените им било советувано, на своите мажи, да им покажат дека не се согласуваат толку лесно за секс, уште повеќе, дека тоа го прават против својата волја. Во книгата “Секс-совети за сопружници” од 1894 година, од Рут Смитерс се наоѓаат во изобилство “практични совети”, а ние ви претставуваме некои од нив:

1. Одбијте го

Ако мажите не ги одбиете, тие ќе бараат секс секој ден. Затоа, задолжително спротивставете се на ова.

2. Пасивност за да се избегне бакнување

Ако некој се обиде да ве бакна во уста, свртете ја главата на страна за да ве бакне во образ.

3. “Ме боли главата”

Најдобро е да се одглуми главоболка или мигрена еден час пред да одите на спиење.

4. Да не ве види гола

Никогаш не излегувајте гола пред мажот, бидејќи кај него ќе ја разбудите желбата без никаква потреба.

5. Правте се мртви

Ако дојде до сексот, најдобро е тоа да се случи во целосна темнина. Добро е да правите мртви затоа што секое мало движење може да сугерира дека навистина уживате во сексот.

 

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 2