Бизарни сексуални ритуали од минатото

438

Некои луѓе можеби сметаат дека денес постојат премногу бизарни сексуални ритуали. Меѓутоа, ниту минатото не беше имуно на нив

Онлајн списанието Nerve направи листа на најпознатите фасцинантни сексуални ритуали, а ние ви ги презентираме најчудните.

Во минатото, во хавајската култура бил многу почитуван обичај на давање имиња на своите гениталии. Членовите на царското семејство, а и народот, имале песни во кои ги опишуваа половите органи.

Во племето Самбиајн во Нова Гвинеја, младите мажи биле одвоени од жените до оној момент кој го означува преминот во светот на возрасните. Во оваа прилика мораат орално да ги “задоволат” најмоќните воини во племето и да ја проголтаат нивната сперма.

Во древниот Египет се верувало дека текот на реката Нил е предизвикан со ејакулација на богот Атум. Поради тоа фараоните ритуално мастурбирале во славната река.

Народот Гуахиро од Колумбија има една интересна форма на забава. Во Свечениот танц девојката ја подметнува ногата на она момче кое и се допаѓа, а нивниот танц мора да заврши со секс.

Жителите на малиот остров Инис Beag на брегот на Ирска се меѓу најзатворените општества, кога станува збор за сексуалната активност. Возрасните мажи не ја соблекуваат својата долна облека ниту во текот на сексуалниот однос и сите сметаат дека сексот е лош за нивното здравје.

Во средниот век црквата тврдеше дека “мисионерската” позицијата е единствана “вистинска” поза за сексуален однос.

Некои племиња на Хималаите практикуваат полиандрија и сите браќа делат една сексуална партнерка. На тој начин, нивните фарми не се пренатрупани со деца.

На некои острови во Полинезија беше сосема нормално да се набљудуваат родителите додека тие имаат секс. Децата спиеле во собата со своите родители и биле присутни за време на нивниот сексуален однос.