Научниците имаат нова теорија за тоа што потопило цела цивилизација од бронзеното време на Санторини

1098

Многумина веруваат дека се работи за Атлантида.

Многу луѓе веруваат дека грчкиот остров Санторини, каде што разорните ерупции предизвикале цунами што ја однеле минојската култура, всушност е поранешната Атлантида. Вулканска ерупција во 1500 година пред нашата ера ја збриша минојската култура. Минојската цивилизација е култура од бронзено време, која настанала на Крит и била откриена во почетокот на дваесеттиот век.

Не е познато како се нарекувале Минојците. Именувани се по митскиот владетел Миноа од британскиот археолог сер Sir Arthur Evans. Грчките научници веруваат дека цунамито што ја потопи Атлантида било предизвикано од тек на пирокластични материјали. Една нова студија сугерира дека цунамито било предизвикано од лава, или големи количини на пирокластичен вулкански материјал што се свлевал во морето.

Вулканскиот кратер е главниот виновник

Новата теорија ги менува претходните толкувања каде што ерупцијата на Санторини во 1500 година п.н.е. и тонењето на вулканскиот кратер се сметало за главен виновник во исчезнувањето на минојската култура. Докази дека имало бран висок најмалку 9 метри се пронајдени на неколку места на блискиот грчки остров, Крит.

Претходните студии тврдат дека уривањето на вулканскиот кратер, калдерата, во морето предизвикало цунами. Но, научниците од National and Kapodistrian University of Athens во Атина сметаат дека поинаква теорија е поверојатна. Анализирајќи го морето под вулканскиот кратер, тие нашле докази што покажуваат дека кратерот не бил врзан за морето кога потонал.

Теоријата е поддржана од талози на вулкански материјал

Овие наоди укажуваат дека кратерот бил потопен од морето по ерупцијата, но дека само потонувањето на кратерот не можело да создаде разорно цунами. Наместо тоа, научниците мислат дека големи количини на вулкански пирокластичен материјал потонал во морето многу брзо, истиснувајќи доволно количина на вода за да формираат моќно цунами.

Истражувањето е објавено во списанието Nature. Теоријата е поткрепена со наоѓалишта на вулкански материјал високи 60 метри, кои се наоѓаат долж брегот на Санторини.

Приказните имаат заеднички точки

Akrotiri, Santorini

Легендата за Атлантида е една од најстарите. Првиот пишан извор за митот го оставил филозофот Платон, 360 години пред Христос пишувајќи за земја која потонала во морето и исчезнала без трага. Платон вели дека луѓето од Атлантида живееле во мирна и просперитетна земја зад столбовите на Херкул.

Минојската населба Акротири, откриена на Санторини, била развиена населба уништена со моќна вулканска ерупција на Санторини околу 1500 година п.н.е. Описот на Платон за уништувањето на митската Атлантида има многу заедничко со приказната за митската Акротири, која исто така исчезнала без трага. Под претпоставка дека се работи истата населба, би значело дека островот всушност е изгубената и исчезнатата Атлантида.