O TEMPORA, O MORES! Јапонски обичаи кои шокираат секој странски патник

842

Јапонија е позната по своите сложени правила за социјално однесување.

Постојат посебни правила што треба да се почитуваат на маса, добри практики што треба да се следат при давање и примање подароци, па дури и кога носите влечки во различни простории од куќата.

За да ви помогнеме да се движите низ сложеноста на јапонските обичаи, еве список на некои работи кои би можеле да ги очекувате кога патувате во таа земја.

1. Избегнувајте го бројот “4”.

На јапонски, бројот „4“ звучи слично на зборот за смрт. И двете се изговараат како “shi”. Бројот 4 е еквивалентен на бројот 13 во западната култура, се смета за несреќен и треба да се користи што е можно помалку. Избегнувајте да давате било што во комплети од 4 (на пример, четири чаши) бидејќи ова може да се протолкува како застрашувачки подарок.

2. Дуваењето нос во јавност се смета за непристојно.

Дувањето нос во јавност не е само непристојно, туку и одбивно. Луѓето во Јапонија обично го дуваат носот кога ќе се најдат некаде на приватно место. Ако веќе треба да го дувате носот, препорачливо е да го сторите тоа што е можно по дискретно.

3. Напојницата може да се протолкува како навреда.

Напојницата се смета за непристојна – па дури може да се протолкува и како понижувачка. Имено, напојниците во Јапонија често предизвикуваат збунетост, и многу луѓе ќе ве бркаат за да ви ги вратат парите што сте им ги дале. Ако некој бил особено на ваша услугата, а се чувствувате апсолутно принудени да оставите бакшиш, оставете му мал подарок наместо пари како кутија слатки или мало шише пијалок. Тоа ќе биде многу подобар избор.

4. Да јадете во одење е многу непристојно.

Иако одењето и јадењето се широко прифатени во многу западни култури, оваа практика се смета за непристојна во Јапонија. Постојат неколку исклучоци од ова правило, но многумина сѐ уште сметаат дека е непристојно да се јаде во јавност или во некои возови.

5. Одредени луѓе ве туркаат во преполни железнички вагони.

Oshiya, или „туркачи“, се униформирани работници кои се платени да ги туркаат луѓето во преполните железнички вагони за време на гужва наутро и навечер. Тие се задолжени да нечија глава не заврши заглавена помеѓу вратите.

6. Луѓето во возовите ќе спијат со главата на вашето рамо.

Ако некој во Јапонија заспие со главата на вашето рамо, тоа е вообичаена практика што се толерира. Луѓето имаат многу долги патувања од дома до работа и работат ужасно долго време, па многу од нив заспиваат штом го фатат возот што ги носи дома.

7. Имаат папучи за секоја пригода.

Вообичаено е да се менуваат влечки при влегување во јапонски куќи, традиционален ресторан, храмови, а понекогаш и музеи и уметнички галерии. Секој пат кога ќе наидете на ред влечки во Јапонија, треба да ги навлечете на стапалата. Постојат и специјални влечки за тоалет кои се носат само кога сте во бањата.

8. Секогаш мора да му донесете подарок на вашиот домаќин.

Во Јапонија, чест е да бидете поканети како гостин и вообичаено е да се донесе подарок по тој повод. Овие подароци честопати се храна од вашиот роден град, а ако е можно, убаво завиткајте го вашиот подарок пред да им го предадете на вашите домаќини. Никогаш не одбивајте понуден подарок – но добра практика е да се буните силно на почетокот кога ќе ви го понудат.

9. Нелевање во својата чаша се смета за непристојно.

Вообичаено е во Македонија (но и во други земји) да ги послужите другите пред да си сервирате, сепак, во Јапонија сам на себе да си налеете пијалак, не би требало. Ако сипате пијалак на други, за надеваее е дека другиот гостин ќе види дека чашата ви е празна, па ќе ви налее. Исто така, пред да се напиете пијалак, треба да почекате некој да каже “Kanpai” (наздравје!)

10. Сркање фиде (тестенини) е пристојно.

Во Јапонија сркањето се смета за пристојно, бидејќи тоа покажува дека уживате во вкусните тестенини. Всушност, ако не јадете доволно гласно, можете да ги доведете во заблуда другите да не уживате во храната што ја јадете. Јапонската супа со фиде главно се служи многу жешки – доволно жешки за да го изгорат непцето, така што сркањето помага супата да се излади.

11. Спиењето во капсули е нормално.

Капсули хотели служат како евтино сместување за гостите кои сакаат само место за спиење. Капсулите најчесто ги користат деловните луѓе или оние кои се забавувале до доцна во ноќта па го пропуштиле последниот воз. Местото за спиење е мала капсула која не е многу поголема од ковчег, а креветите се наредени еден до друг и еден врз друг.