“ТРЕТАТА ДОЗА НЕ Е ЛУКСУЗ” | СЗО ја појасни потребата за “booster” вакцина и предупредува: “Имаме длабоко загрижувачко зголемување на бројот на заразени …”

1372

“Третата доза на вакцината не е луксуз одземен од некој друг кој сѐ уште ја чека првата доза. Тоа е начин да се заштитат најранливите”, соопштија од СЗО.

Третата засилувачка доза на вакцината “Ковид-19” е начин да се заштитат најранливите, а не “луксузот”, соопшти во понеделникот Светската здравствена организација.

СЗО претходно овој месец изјавија дека податоците не укажуваат на тоа за потреба од дополнителни вакцинации и дека ревакцинацијата на целосно вакцинираните лица дополнително ќе ја зголеми нееднаквоста помеѓу богатите и сиромашните земји.

“Длабоко загрижувачко” зголемување на бројот на заразени

“Третата доза на вакцината не е луксуз одземен од некој друг кој сѐ уште ја чека првата доза. Тоа е начин да се заштитат најранливите”, рече Hans Kluge, шеф на СЗО за Европа, на брифинг со новинарите.

Kluge информира дека порастот на стапката на пренос на „Ковид-19“ низ Европа во текот на изминатите две недели, со ниски стапки на вакцинација во некои земји, е длабоко загрижувачки.