Необична казна за оние кои нема да носат маска | Ќе лежат во ковчег | Видео

2704

Граѓаните кои одбиваат да носат маска за да го спречат ширењето на коронавирус во главниот град на Индонезија, Џакарта, можат да изберат дали ќе платат казна или ќе лежат во ковчег една минута.

Властите вовеле невообичаена мерка за да ги натераат оние што не носат маска да ги разгледаат опасните последици од нивното однесување, откако изминатите денови дневниот број на новоинфицирани надмина илјада, велат официјалните лица.

„Размислете што ќе се случи доколку се заразите со Ковид-19“, му рече официјалното лице на еден престапник во видеото, додека лежи во отворен ковчег.

Абдул Сјукур, еден од оние кои се фатени дека не носат маска, изјавил дека избира ковчег затоа што нема 17 долари колку што е казната. Покрај тоа, градските власти поставиле лажни ковчези и покрај нив плакети со број на заразени лица за да ги потсетат луѓето за последиците од неносење на маска.

Индонезија забележа повеќе од 180.000 инфекции и повеќе од 7.600 смртни случаи од Ковид-19. Дневниот број на новоинфицирани се зголемува откако земјата ја покрена својата економија во јуни по тримесечен карантин. Индонезија со 265 милиони жители има една од најниските стапки на тестирање во светот.