Знаци дека диетата не е балансирана

93

Сакате да имате убава фигура и често менувате една или друга диета?

Во желбата да сме убави, испробуваме какви ли не диететски режими на исхрана, без втората мисла дека тие може да не ги покриваат потребите на нашиот организам.

Во следните редови ќе се запознаете со неколку сигурни знаци дека диетата не е избалансирана.

Се чувствувате уморни

Тоа дали сме енергични или уморни во голема мера зависи од квалитетот на храната што ја конзумираме. Додека дневното мени може да ве натера да се чувствувате нахранети, ако тоа е со ниски хранливи вредности, нема да ви обезбеди доволно енергија потребна за денот. Ако често се чувствувате без енергија, зголемете го внесувањето на свежо овошје и зеленчук.

Наддавање тежина

Додека зголемувањето на телесната тежина има многу потенцијални причини, една од главните е потрошувачката на храна со висока содржина на масти или јаглехидрати, но со ниска содржина на важни хранливи материи. Брзото зголемување на телесната тежина е показател дека треба да ги намалите порциите и да го прилагодите внесувањето на масти и јаглехидрати.

Често боледувате

Правилното функционирање на имунолошкиот систем во голема мера зависи од квалитетот на потрошувачката на храна. Имунолошкиот систем има потреба од точните витамини и антиоксиданси, за да функционира правилно. Ако не консумирате здрава храна, на телото ќе му биде тешко да се изгради одржлива заштита против вирусите.

Стомакот ви е вознемирен

Ако за време на диета го чувствувате стомакот често вознемирен, тоа може да се должи на одреден вид храна од менито или комбинација од храна. Обидете се внимателно да го пратите она што го конзумирате и ако е можно, избегнувајте одредени хранливи комбинации или исклучете некои видови храна од менито. Ако по оваа мерка стомакот ви се нормализира, значи дека оваа диета која ја следите е добро да биде заменета со друг вид исхрана.

Имате нередовна столица

Зборувајќи за стомачни проблеми, запекот обично е резултат на диетата која ја следиме. Ако таа е со ниска содржина на влакна, запекот е честа слабост.

Освен што предизвикува непријатност е и причина да симнувате побавно килограми. Од друга страна запекот може да се должи и на тоа дека не земате доволно вода.

Вклучете во менито доволно количество интегрална храна, овошје и зеленчук и се разбира пијте многу вода.

Храната не го задоволува гладот ​

Исхрана во здрава смисла не значи глад. Ако после јадење не се чувствувате сити, а продолжувате да се чувствувате гладно или јадете премногу помеѓу оброците, тоа може да е резултат на храната што ја конзумирате и особено на тоа дека таа е лишена од основни хранливи материи.