Како на детето да му се објасни дека е посвоено

489

Експертите на Здружението Adopta објаснуваат како со деца да се зборува за посвојувањето и нивните биолошки родители. На кој начин да се пријде на темата и да му се сигнализира на детето дека таа тема во вашето семејство не само што е дозволена, туку добредојдена и дека тоа не е тајна, ниту пак дека разговорот за неа ве повредува или боли …

Детето создава свест за себе и постојано додека тоа расте е важно да му се помогне да го прифати и фактот дека е посвоено

Разговорот за посвојувањето и неговото потекло е важно, затоа што директно е поврзано со процесот на создавањето на идентитетот и барањето на одговори на прашањата кој сум јас. Всушност, тешко е да се дојде до одговорот на ова прашање, ако не знаеме или имаме погрешен одговор на прашањето од каде доаѓаме и каде и кому му припаѓам.

Разговорот е злато вреден

До неодамна, преовладувал пристапот за избегнување на разговори за посвојување или едукација на детето во уверувањето дека е тоа биолошко дете. Во текот на детството, особено на децата посвоени на рана возраст, на посвоителите тоа се чинеше природен избор, бидејќи со посвојувањето често беше поврзана стигмата на неплодност.

Меѓутоа, неизбежно се случувале ситуации во кои посвоените деца осознавале дека се посвоени, обично од страна на други лица во ситуации кога тоа тие не го очекувле (на пример, од соседите, при утврдување на крвна група или прв пат го виделе изводот од книгата на родените). Реакциите на децата или возрасни посвоени, често се катастрофални за нив и за односите со родителите.

Во тие моменти не само што би се променила нивната свест за тоа од каде тие доаѓаат и на кого тие им припаѓаат, туку би дошло до големи потреси во нивната доверба во светот околу себе и во луѓето кои го прават најблизок дел на тој свет. Всушност со откривањето за посвојувањето сè што знаеле досега и во она во што тие верувале се покажало како неточно, а луѓето, нивните родители, кои со нив ја граделе сликата за светот, се покажале за недоверливи.

Во такви ситуации се случува децата да го преиспитуваат не само своето потекло, туку и сѐ што нивните родители до тој момент им зборувале и на што ги учеле (вклучувајќи ги вредносните системи, навиките, чувството на припадност кон семејството, моделите на однесување, сопствена меморија и, на крајот, дали е сакано и достојно за љубов).

Продолжува на страна 2